Македонците растурија на Х-фактор: Сите тројца се меѓу најдобрите (видео)

По прелиминарната почетна фаза со аудиции на Х-фактор, кога многумина добија „Да“, жирито си даде тешка задача, од сите нив да ги изберат најдобрите.

makedoncite-vo-x-faktor-rasturija-site-trojca-se-megju-najdobrite-video-01

Како и лани, така и годинава сите се делат во 4 групи: Момци до 27 години, девојки до 27, бендови и постари од 27 години.

Првите ќе ги води Александра Ковач, вторите Жељко Јоксимовиќ, третите Тончи Хулиќ, а четвртите – Масимо Савиќ.

Принципот на избирање е преку 6 столчиња, на кои седнуваат оние кои ќе добијат „Да“ од нивниот ментор. Она што е најтешко е да се одлучи, кои ќе бидат тие 6, особено кога треба некој да биде заменет со друг.

Некои разочараа од првиот пат, други пак се покажаа во многу подобро светло, но повторно оние кои воодушевија, беа Македонците: Боби, Давид и Алмир.

За Боби, Жељко Јоксимовиќ, коментираше дека пее како за богови. Давид е првиот што ја расплака Александра, а Алмир го натера Масимо да се загрижи и да побара консултација со продукцијата.

Погледнете ги нивните настапи:

1. Боби Мојсовски - Carry


2. Давид Темелков - Тајно моја


3. Алмир Исмаили - What goes around comes around

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg