Што открива за вас начинот на којшто ја носите чантата?

Чантите не се само моден додаток, тие се непходен дел од секојдневниот живот, но дали некогаш сте се запрашале што говори за вас начинот на кој ја носите чантата со себе?

Nаchinot-na-koj-ja-nosite-chantata-govori-mnogu-za-vas-dali-ste-sramezlivi-bezgrizni-ili-samouvereni-01.jpg

Според експертите за говор на телото начинот на којшто ја носиме чантата во голема мера говори за нашата личност.

Според докторката Кетрин Хендрикс, која е автор на повеќе книги за говорот на телото, може да се издвојат неколку главни начини на кои дамите ги носат чантите и за Glamour таа открива што говори тоа за нивната личност.

Ременот го носите преку рамо и чантата ви е блиску до телото

Вие сте практични луѓе и имате точно дефинирани цели.

Според Хендрикс на овој начин дамата покажува дека му дава приоритет на движењето наместо на изгледот.

Таа не сака да се покажува, туку само да ги заврши работите. Ова особено доаѓа уште повеќе до израз, ако сакате да носите помали чанти.

Nаchinot-na-koj-ja-nosite-chantata-govori-mnogu-za-vas-dali-ste-sramezlivi-bezgrizni-ili-samouvereni-02.jpg

Ременот ви е преку рамо, а чантата се мавта слободно

Ако ја носите чантата на овој начин тоа покажува дека им давате приоритет на комфорот и на функционалноста пред изгледот.

Ако чантата е закопчана, уредно наместена и во предниот дел од телото можеби би му овозможило на случајниот минувач да види каков бренд, форма и каква боја е чантата, но тоа нема да биде практично.

Nаchinot-na-koj-ja-nosite-chantata-govori-mnogu-za-vas-dali-ste-sramezlivi-bezgrizni-ili-samouvereni-03.jpg

Ременот го носите преку телото со чантата во предниот дел од телото

Тоа што акцесоарот го ставате пред себеси често може да ви служи и како еден вид оклоп.

Овој начин на носење на чантата често укажува на личност што е повнимателна, поповлечена или срамежлива. Според Хендрикс често може да ги видиме познатите како ја носат чантата на овој начин додека се обидуваат да им избегаат на несаканите фотографи.

Nаchinot-na-koj-ja-nosite-chantata-govori-mnogu-za-vas-dali-ste-sramezlivi-bezgrizni-ili-samouvereni-04.jpg

Ременот го носите преку телото со чантата во задниот дел од телото

Ваквиот начин на носење на чантата надополнет и со големата самоувереност укажува на „урбан воин со точно определени цели“.

Начинот на носењето на чантата соодветствува со нејзиниот имиџ на независна личност, а модниот додаток е избран само поради една цел – функционалноста.

Јасно, не можеме ниту да ја видиме чантата за да одредиме од кој бренд или стил е.

Nаchinot-na-koj-ja-nosite-chantata-govori-mnogu-za-vas-dali-ste-sramezlivi-bezgrizni-ili-samouvereni-05.jpg

Ременот го носите околу зглобот на раката

Кога некоја дама ја носи чантата на овој начин тоа укажува дека таа дава предност на статусот и позицијата.

На овој начин, практично во целост исклучувате од употреба еден екстремитет за да носите чанта (голема), а со тоа им упатувате порака на останатите дека не ви се потребни двете раце за да се движите.

На овој начин најлесно може да се види брендот и стилот на чантата што ја носите, па на тој начин го покажувате сопствениот статус.

Nаchinot-na-koj-ja-nosite-chantata-govori-mnogu-za-vas-dali-ste-sramezlivi-bezgrizni-ili-samouvereni-06.jpg

Ја носите во рака

Некои чанти се толку многу мали што немате друга опција, но што ако имате поголем број опции да ја носите чантата, а сепак се одлучувате за овој начин.

Тоа на некој начин наликува на носење актовка и ја нагласува важноста на нејзината работа.

Кога познатите личности го прават ова, тие сакаат да нѐ потсетат дека се многу повеќе од „некоја личност“ што само носи убава облека на црвениот тепих.

Nаchinot-na-koj-ja-nosite-chantata-govori-mnogu-za-vas-dali-ste-sramezlivi-bezgrizni-ili-samouvereni-07.jpg

Без чанта

Тоа што не носите чанта често укажува на статус каде другите ги вршат вашите секојдневни работи, како раководењето на финансиите и распоредот.

Станува збор за личност што е мошне самоуверена и што во целост се потпира на нејзините вработени.

Таков е случајот со Ким Кардашијан, на пример, која нема потреба од тоа да носи чанта.

Nаchinot-na-koj-ja-nosite-chantata-govori-mnogu-za-vas-dali-ste-sramezlivi-bezgrizni-ili-samouvereni-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Freepik

Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Тест на личноста: Изберете еден прстен и дознајте го вашиот скриен талент Сите имаме по некој необичен, скриен талент, за кој, можеби и не знаеме дека го ...
Тест на личноста: Дали лесно ги покажувате емоциите или сте емотивно затворени? Дали прво видовте профил на жена или гранки од дрвја кои се свиткани поради вете...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...
Право или десно: Изберете во која насока гледа жената и откријте каква личност сте За да дознаете што кажува за вас овој психолошки тест, важно е што ќе забележите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg