5 оптички илузии кои се истовремено и тестови на личноста
Секој ги гледа работите со свои очи, но малкумина се свесни дека она што го гледаат е всушност одлика на карактерот.
Ова се 5 оптички илузии низ кои за кратко може да си направите тест на личноста - под секоја го пишува толкувањето...
1. Која топка е поголема?
Топката напред
Иако можеби не сте позати по вашите лидерски способности, луѓето сакаат да се огледаат на вас кога им треба насока. Преферирате другите да го направат првиот чекор.
Топката позади
Родени сте да бидете лидер, кој не се плаши од ризици и големи чекори. Имате внимателно око за детали, кое ви помага да бидете успешни како што сте.
2. Гледате човек со бркови, пар кој танцува, човек во кревет или жена која чисти?
Жена која чисти
Одлични сте во наоѓање на одговори дури и на најтешките трик прашања. Вие сте човекот на кого блиските се обраќаат за совети во тешките моменти.
Човек со бркови
Креативни сте и честопати ја гледате големата слика. Сепак, не смее да ги игнорирате деталите, бидејќи тие знаат да бидат круцијални.
Човек во кревет
Се грижите премногу, за секакви ситници. Најголем дел од енергијата ви оди во анализирање на минатото и како поинаку сте можеле да постапите.
Пар кој танцува
Романтични сте по природа и светот го гледате низ розови, љубовни очила. Приоритет ви е емоционалното поврзување со луѓето.
3. Гледате мачка или глушец?
Мачка
Вие сте реалист кој цврсто стои на земја и сака внимателно да го планира следниот чекор. Сакате да ја истражувате територијата околу вас и постојано да барате нешто ново.
Глушец
Вие сте извор на позитива и секогаш ја гледате добрата страна на работите. Дел од луѓето ве сметаат за наивни, но за вас чашата секогаш е полу-полна.
4. Гледате верверичка или патка?
Верверичка
Сакате да ја користите логиката и донесувате одлуки врз база на добро размислени информации.
Патка
Креативни сте, но ретко кога на работите им пристапувате рационално. Лесно е да ви се одвлече фокусот и вниманието.
5. Гледате коњ или жаба?
Жаба
Искрени сте и директни при комуникацијата. Имате високо ниво на самодоверба.
Коњ
Знаете да бидете импулсивни во комуникацијата со други луѓе. Затоа воопшто не сакате кога ви даваат насоки како да се однесувате и што да правите.
М. Д. | Црнобело