Што открива вашиот датум на венчање?

Нумерологијата тврди дека датумот на свадбата зборува многу за самиот брак и ја одредува неговата судбина, па затоа обидете се да го пресметате бројот на вашиот брак и дознајте нешто повеќе.

numerologija-za-svadbeniot-datum-01

Цифрите од свадбениот датум (ден, месец, година) собирајте ги сè додека не добиете едноцифрен број. Потоа откријте го неговото значење.

Број 1 - Совршени романтичари

Со бројот 1 владее Сонцето кое покажува дека во овој брак најважно е меѓусебната доверба и оптимизмот. Изборот на овој датум открива нежен и заљубен пар кој се запознал многу романтично.

Број 2 - Причина за бракот се децата

Месечината е владетел на бројот два, па таму има две можни крајности – или ќе имате огнена прослава или скромна, во кругот на најблиските. Емоционалната зрелост е најважна за успехот на бракот, но добар дел од оние кои се венчани на овој датум го прават тоа само за да имаат деца.

Број 3 - Можен брак од интерес

Јупитер владее со овој број на брак, а тоа укажува дека е совршен датум за брак од материјални интереси. Но, од овој брак не треба да очекувате премногу, единствено што е сигурно се многу деца.

Број 4 - Верност за вечност

Сатурн е владетел со овој број, а таквите парови добро размислиле за сите одговорности и на крајот се одлучиле за. Судбоносно споени парови кои секогаш ќе соработуваат за заеднички успеси обично го избираат овој број.

Број 5 - Важна е комуникацијата со партнерот

Меркур е владетел на овој брак, па не е ни важно што се истакнува потребата за квалитетна комуникација со партнерот, која е основа на овој брак. Нема досада, секогаш нешто се случува, а правите примери за овој тип на брак се оние кои се венчале многу млади.

Број 6 - Бракот е најважен во животот

Венера е одговорна за овие бракови во кои очигледно настанува и опстанува исклучиво љубов, нежност, среќа и мир. Партнерите во овој брак се секогаш верни бидејќи таа заедница им е најважната што некогаш ја имале.

Број 7 - Промените на плановите се неопходни

Непредвидливиот Уран е одговорен за бракот кој може да биде погрешен и не секогаш мудар, бидејќи двајцата партнери сакаат доста лична слобода, така што изненадувањата не се реткост. Промените се единствена константа во овие бракови.

Број 8 - Брачната среќа лежи во сексот

Сложноста на овие брачни партнери ја води Марс, па не е ни чудо што добар дел од среќата е зависна од сексот. Партнерите се разбираат со еден поглед, така што се врзани од првата средба. Затоа, ќе се согласуваат во секој сегмент од секојдневниот живот.

Број 9 - Љубовта ги надвладува препреките

Нептун владее со овој број што од самиот почеток укажува на тешка и комплицирана врска, во однос на другите кон овој пар, која и покрај тоа успева. Кога бракот се склопува на ваков датум станува судбоносен и повеќе нема разделување.

Би можело да ве интересира:

Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Одберете еден ангел и откријте каква скриена порака ви шепоти Се верува дека ангелите се гласници и на грчки и латински јазик, зборот означува...
Оптичка илузија што го открива вашиот најголем страв: Што видовте прво? Дали ве плаши да бидете ранливи пред другите или, пак, да ја напуштите вашата зо...
Тест на личноста: Изберете еден прстен и дознајте го вашиот скриен талент Сите имаме по некој необичен, скриен талент, за кој, можеби и не знаеме дека го ...
Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели? Дали треба да ги слушате советите на саканите или треба да си ја вратите самодов...
Психолошки тест: Сликата што ве потсетува на човечко лице ќе ви открие детали за вашиот карактер Дали сте избувливи или полни со емпатија? Колку ве допира туѓата среќа или несре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg