Колку се сеќавате на играта народна? А помните ли други игри?
Детските денови за сите нас се скапоцени моменти и често знаеме да пребаруваме во меморијата и да извадиме слики од сеќавањето на детството. Посегнуваме по моменти што ни се драги и што ги будат најсреќните емоции. Безгрижноста, играта и радоста што ги чувствувавме тогаш е она на што најмногу се навраќаме и што постојано го бараме низ спомените.
Посегнувањето по тој посебен момент најчесто е испровоцирано од некоја слика, вкус што сме го сакале како деца, мирис или драги пријатели што долго време не сме ги виделе.
Кои се вашите среќни моменти, кои асоцијации ве враќаат во детството, која е вашата среќна мисла?
Направете го квизот и видете колку се сеќавате на игрите од детството. Погодете го точното име на играта и откријте како да ги разбудите детските спомени и повторно да бидете дете.