Квиз: Во кои држави се вози од лева, а во кои од десна страна?
Сигурно знаете дека во Велика Британија се вози од левата страна на автопатот. Но можете ли да погодите на која страна се вози во Индонезија, Германија или, пак, Кипар?
Во повеќето земји во светот се вози од десната страна на автопатот.
Сепак, постојат и бројни држави каде што се вози од левата страна.
Обично ова се држави кои биле дел од Британската империја, па го задржале правилото за возење.
Во продолжение следат десет држави, а вие треба да погодите дали таму се вози од левата или од десната страна.
Во кои држави се вози на лева, а кои на десна страна?