Квиз: 10 прашања од општа култура кои мора да ги знаете

Како се вика најдолгата линија што го сече кругот? А кој спорт не е дел од натпреварите во триатлон?

kviz-10-prashanja-od-opshta-kultura-koi-mora-da-gi-znaete-01.jpg

Со помош на Гугл, денес е лесно да го најдете одговорот на скоро секое прашање.

Но, колку од овие прашања, од општа култура, можете да одговорите точно бидејќи сте слушнале за нив или некаде сте го прочитале одговорот?

Дали се истакнувате со знаење или не баш?

10 прашања од општа култура кои мора да ги знаете
  1. 1. Како се викаат предметите што ги купуваме кога сме на патување, за да ни останат како траен спомен?
    Играчки
    Сувенири
    Џиџимиџи
  2. 2. Кој ланец ресторани за брза храна ги искористил Златните лакови од Националниот парк во Јута, како инспирација за нивното лого?
    Burger King
    KFC
    McDonald's
  3. 3. Пред еврото, која платежна единица се користеше во Германија?
    Шилинг
    Марка
    Рубља
  4. 4. Во кој спорт може да се натпреварувате ако ви „доделиле“ зелено палто?
    Бадминтон
    Голф
    Мечување
  5. 5. Колку гола дал фудбалерот на еден натпревар ако постигнал хет-трик?
    1
    2
    3
  6. 6. Како се вика најдолгата линија што го сече кругот?
    Радиус
    Дијаметар
    Лак
  7. 7. Кој спорт не е дел од натпреварите во триатлон?
    Возење кајак
    Пливање
    Возење велосипед
  8. 8. Кои инсекти се преносители на Лајмската болест?
    Комарци
    Крлежи
    Буви
  9. 9. Кој вулкан во Јапонија може да се види од Токио кога времето е ведро, а е оддалечен 100km од градот?
    Унзен
    Фуџи
    Асо
  10. 10. Кој англиски бенд го добил името по германски воздухоплов?
    Black Sabbath
    Radiohead
    Led Zeppelin

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз на знаење: 10 општи прашања кои малку ќе ве помачат Кои се традиционалните бои на Вимблдон? A како е популарното име на некогаш најо...
Квиз: 7 работи поврзани со ноември што мора да ги знаете од општа култура Кој детски фестивал традиционално се одржува во Скопје во ноември? Кој бенд...
Квиз: 7 работи поврзани со септември што мора да ги знаете од општа култура Што се слави во Македонија на 8-ми Септември? А кои се двата хороскопски знака к...
Квиз: 10 општи прашања по македонски јазик и литература (на кои треба да го знаете одговорот) На колку прашања поврзани со македонскиот јазик и литература ќе одговорите ведна...
Квиз: 7 прашања поврзани со декември што мора да ги знаете од општа култура Кој празник се слави кај нас на 8 декември? А во која земја почнала традицијата ...
Квиз: Прашања поврзани со април кои мора да ги знаете Колку денови имал април во раниот јулијански календар? Кој скапоцен камен е симб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg