Правописен квиз низ 10 примери: Знаете ли како се викаат државјанките на земјите од светот? (втор дел)
Сметате ли дека правописот на македонскиот јазик ви е силна страна? Тестирајте се низ 10 примери дали точно знаете да ги пишувате имињата на националностите во женски род...
Голем број од нас имаат проблем кога треба да ги напишат имињата на националностите во женски род.
Како правилно се вика жителката на Кина, а како на Јамајка?
Тестирајте се низ овие 10 примери:
1. Кина – Кинеска или Кинезинка;
2. Исланд – Исландка или Ислаѓанка;
3. Кореја – Корејанка или Корејка;
4. Белгија – Белгијка или Белгијанка;
5. Тајланд – Тајланѓанка или Тајландка;
6. Тунис – Туниска или Тунижанка;
7. Хрватска – Хрватка или Хрватица;
8. Чешка – Чехиња или Чехинка;
9. Естонија – Естонијка или Естонка;
10. Јамајка – Јамајканка или Јамајчанка.