Брз тест по правопис: Каде треба да стои надредниот знак?

„Нас нѐ не носеа“ или „Нас не нѐ носеа“... На кое „не“ треба да стои надредниот знак? Дали добро се сеќавате на правописните правила што се учеа уште во основно образование? Тестирајте се низ 10 едноставни примери...

brz-test-po-pravopis-kade-treba-da-stoi-nadredniot-znak-01.jpg

Колку од вас можат да се пофалат дека добро го владеат македонскиот правопис? Тестирајте се дали се сеќавате како правилно се користеше надредниот знак (`) во македонскиот јазик.

1. Сѐ што сакав да ти кажам или Се што сакав да ти кажам;

2. Нас нѐ не носеа во училиште или Нас не нѐ носеа во училиште;

3. Баба ѝ и дедо ѝ или Баба и ѝ дедо и;

4. Никој не ме виде или Никој нѐ ме виде;

5. На се сѐ смее или На сѐ се смее;

6. Дојде и ѝ шепна на уво или Дојде ѝ ѝ шепна на уво;

7. Баба ѝ ѝ подари нов фустан или Баба ѝ и подари нов фустан;

8. Се што ќе допре, ќе расипе или Сѐ што ќе допре, ќе расипе;

9. Никој нѐ не поканил да дојдеме или Никој не нѐ поканил да дојдеме;

10. Водата сѐ мие или Водата се мие.

Точните одговори се на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 едноставни прашања за кои не смеете да користите Гугл Кој е првиот спот во историјата што бил пуштен на музичкиот канал MTV во 1981-ва...
Квиз: Колку знаете за настаните што ја одбележаа 2024-та? Видовте ли кој беше прогласен за личност на годината од страна на магазинот TIME...
Квиз: Дали ги препознавате најпопуларните јазици во светот? Реченицата „Сomment ça va?“ е напишана на… Речиси половина од населението в...
Квиз: 10 прашања за Македонија кои не смеете да ги згрешите Во кој град е родена Калиопи? Кој археолошки локалитет се наоѓа во близина на Не...
Квиз: 10 прашања од општа култура што не смеете да ги згрешите Како се викаше популарното ток-шоу на Весна Петрушевска? А кои се имињата на дец...
Квиз: Погодете ги популарните дестинации кои почнуваат со буквата „А“ Можете ли да се сетите која популарна летна дестинација во Кипар почнува на букв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg