Тест по правопис низ 10 примери: Ги пишувате ли правилно придавките во македонскиот јазик?

Дали вкусот може да биде „горчелив“ или е „горчлив“? Правите ли и вие грешки при пишувањето на придавките во македонскиот јазик?

test-po-pravopis-niz-10-primeri-gi-pishuvate-li-pravilno-pridavkite-vo-makedonskiot-jazik-01.jpg

Во секојдневниот говор честопати се користат придавки што кај нас дошле од соседните јазици и се одомаќиниле, но, за жал нив ги нема во Речникот на македонскиот јазик.

Дополнително, постојат мали суптилни, разлики во поглед на тоа како некои придавки се изговараат во одредени дијалекти, а како се пишуваат според стандардната норма.

Затоа ви подготвивме 10 кратки прашања, што ќе ви помогнат да го тестирате сопственото знаење, но и да научите нешто ново.

1. горчелив (вкус) или горчлив (вкус);

2. розов (фустан) или розев (фустан);

3. оволкав (мост) или олкав (мост);

4. тркалезна (маса) или кружна (маса);

5. бадемести (очи) или бадемасти (очи);

6. охридска (идила) или Охридска (идила);

7. вагабонтски (начин на однесување) или багабонтски (начин на однесување);

8. исецкано (ситно) или исечкано (ситно);

9. отсечен (тон) или одсечен (тон);

10. љути (пиперчиња) или лути (пиперчиња).

Точните одговори се на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...
Квиз: 10 општи прашања по македонски јазик и литература (на кои треба да го знаете одговорот) На колку прашања поврзани со македонскиот јазик и литература ќе одговорите ведна...
Квиз за страсни читатели: Погодете ги авторите на литературните класици Знаете ли кој го напишал романот „Клетници“? А, романот „Источно од рајот“? З...
Квиз на кој не смеат да згрешат сите што имале петка по македонски јазик Колку се сеќавате на материјалот што се изучува на часовите по македонски јазик?...
Квиз: Дали петките по македонски ви биле заслужени? Кој учел само за да добие петка, а потоа заборавил сѐ што научил, а кој може да ...
Квиз: 10 прашања што мора да ги знаете ако сте имале 5-ка по македонски Знаете ли како се делат гласовите во македонскиот јазик или кога се пишува голем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg