Квиз за гурмани: Ќе погодите ли од која земја потекнуваат популарните светски специјалитети?

Дали сте гурман и сакате да ги пробате локалните специјалитети кога патувате во нова земја, или ви е сеедно што ќе јадете? Знаете ли од која земја потекнуваат познатите светски специјалитети?

kviz-za-gurmani-kje-pogodite-li-od-koja-zemja-poteknuvaat-popularnite-svetski-specijaliteti-01_copy.jpg

Дали уживате во храната и сакате да го пробате секој специјалитет што е традиционален за земјата која ја посетувате или сте од оние луѓе што повеќе сакаат сигурна варијанта, па јадат брза храна секојпат кога се во страство?

Кои од овие светски специјалитети сте ги пробале? И, дали знаете од која земја потекнуваат?

Решете го овој квиз за гурмани и дознајте:

Ќе погодите ли од која земја потекнуваат популарните светски специјалитети?
  1. 1. Кимбап е јадење слично на суши, кое се состои од алги, зачинет ориз и други состојки додадени по вкус. Од каде потекнува?
    Кина
    Кореја
  2. 2. Ракчиња, јастог, школки и сипа во комбинација со ориз и разни билки, масло и сол прават вкусна паеља. Од која земја е ова јадење?
    Бразил
    Шпанија
  3. 3. Познат по својата густа, мазна текстура, дондурма се топи во вашата уста. Од каде потекнува овој сладолед?
    Турција
    Италија
  4. 4. Неговото име доаѓа од францускиот збор „fondre“, што значи топење. Од каде потекнува фонду?
    Шведска
    Швајцарија
  5. 5. Се состои од парчиња сирова риба или школки зачинети со сол, кромид и чили пиперки, маринирани во сок од лимета - од каде е севиче?
    Јапонија
    Перу
  6. 6. Масала доса е крцкава палачинка од тесто од ориз, полнета со зачинета мешавина од пире од компири, која се служи со сос од кокос и самбар. Од каде потекнува?
    Индија
    Иран
  7. 7. Направено со помфрит и прелиено со урда и сос, путин е јадење што мора да го пробате. Од каде потекнува?
    Франција
    Канада
  8. 8. Со историја долга речиси 400 години, оваа пита со спанаќ и фета, се јаде и кај нас. Знаете ли од каде е?
    Грција
    Бугарија

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Прашања поврзани со април кои мора да ги знаете Колку денови имал април во раниот јулијански календар? Кој скапоцен камен е симб...
Квиз: Прашања поврзани со февруари кои мора да ги знаете Дали знаете кое е старото име на февруари? А на кој датум е роден нашиот истакна...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „Т“ Кој е прекарот на Сашо Мацановски, водителот на Кој сака да биде милионер? А кој...
Квиз за експерти по географија: Дали ја познавате Европа? Колку големи притоки има реката Вардар? А кој е главен град на Романија? Тестира...
Квиз на знаење: 10 општи прашања кои малку ќе ве помачат Кои се традиционалните бои на Вимблдон? A како е популарното име на некогаш најо...
Квиз: Дали сте медицински потковани (или немате ни основни знаења)? Што означува терминот „метастазиран“? Кои лица примаат инсулин? Се сметате ли се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg