Авантура

Term Main definition
Авантура

Ви се заканува некоја опасност, промена на средина.

Што значи да сонувате авантура?

Толкувањето на овие соништа зависи од контекстот во кој се одвиваат, како и деталите и чувствата кои ги следат. Сонот не се толкува доколку сте гледале авантуристички филм кој оставил силен впечаток врз вас.

Ако сонувате авантура

Кога сонувате авантура, тоа може да има повеќе значења. Во последно време не сте задоволни од она што сте го постигнале во животот. Имате чувство дека другите се поуспешни од вас и сè и оди од рака. Ќе посакате да ви се случи нешто ново и возбудливо, а нема да ги цените работите кои ги имате.

Решение најверојтно ќе побарате во коцкање, алкохол или некој друг порок. Ќе се дружите со луѓе кои имаат сомнително минато и кои ќе ви позајмат пари или ќе ве водат на луксузни места. Ќе им поверувате на нивната искреност и намера да ви помогнат.

Ако се плашите од авантура

Додека се освестите, веќе сте западнале во долгови до гуша без можност да излезете од тој свет. Пријателите ќе престанат да се трудат околу вас, саканата личност ќе ве напушти, а веројатно ќе останете без работа. Ќе сакате да му се вратите на здодевниот живот без проблеми кој порано не сте сакале да го смислите.

Друго значење е дека ќе заминете на патување кое ќе промени многу работи во вашиот живот.

Ако очекувате авантура на сон

Ќе запознаете личност која ќе ве фасцинира и која ќе ја сметате за сродна душа. Вљубеноста нема да ви дозволи да согледате дека сте премногу различни и дека тој не е подготвен да прави компромиси поради вас. Ќе имате избор да го прифатите таков каков што е или да се разделите.

На почетокот ќе се согласите на сè бидејќи ќе верувате дека можете да го промените, но со текот на времето ќе сфатите дека е невозможно. Ќе престанете да се трудите и ќе пружите прилика да ве освои на оној кој е вљубен во вас.

Ако сонувате дека некој ве прогонува

Ако сонувате дека некој ве брка или прогонува, тоа значи дека се обидувате да скриете нешто. Можеби сте сториле нешто лошо и не сакате другите да дознаат. Ваквите соништа обично се поврзани со потсвесни стравови и ситуации кои се обидувате да ги избегнете.

Ако во текот на бегањето не го видите оној кој ве брка тоа симболизира омраза, страв, лутина или каква било негативна емоција со која се соочувате на јаве.

Кога сонувате дека сте во потера на некого тоа значи дека сте одлучни во намерата да ги постигнете своите цели. Прилично високо сте ги поставиле своите очекувања, па понекогаш ви се чини дека она што го посакувате е надвор од вашиот досег.

Тоа може да значи дека не наидувате на разбирање од околината за своите амбиции. Понекогаш ужасно ви пречи кога луѓето ве гледаат чудно додека зборувате за своите планови. Ретко пронаоѓате соговорник кој точно знае што сакате и кој ве поддржува во тоа.

Ако сонувате дека сте побегнале од опасност

Кога сонувате дека сте побегнале од опасност тоа обично значи дека на јаве се обидувате да избегнете некоја стресна ситуација. Проблемите ги ставате под тепих со надеж дека ќе се решат самите од себе. Ако сонувате дека сте побегнале од затвор или сте се ослободиле од окови тоа симболизира потреба да се извлечете од некој однос.

Можеби ситуацијата со партнерот не се одвива онака како што би сакале. Ќе сфатите дека тој/таа се промениле и дека неговата/нејзината промена не ви се допаѓа. Потсвеста ви говори да побегнете од таквата врска.

Доколку некој друг се избавил од смртна опасност во ваш сон тоа значи дека премногу сте преоптоварени со парите и материјалните нешта. Занемарувате сè што не ви донесува материјална корист, на сметка на вашата креативност. Би требале да се посветите на некое хоби кое ви носи задоволство, а не пари.

Ако сонувате дека скокате од голема висина

Ако сонувате дека скокате од голема висина тоа имплицира дека сте изгубиле контрола над животот. Овие соништа ги сонуваат анксиозни личности. Тешкотиите можат да бидат поврзани со работата или со сексуалниот живот. Можно е да сте се измориле од работата, а успехот или покачувањето не се на повидок.

Поради тоа сте фрустрирани, а дополнителен проблем ви создава тоа што ви изгледа дека нема да најдете подобра работа на друго место.

Од друга страна, сонот може да претставува незадоволство од сексуалниот живот. Веројатно односите се поретки отколку што би сакале да бидат. Во вас е насобрана сексуална енергија, а не знаете како да ја потрошите. Ако сте во врска или во брак често ќе доаѓате во судир со партнерот. Доколку сте, пак, подолго време сами, симболиката е јасна.

Ако сонувате дека сте заробени

Кога сонувате дека сте заробени тоа обично значи дека вашите блиски луѓе ве доживуваат како несериозна и незрела личност. Не ви дозволуваат самостојно да донесувате одлуки. Веројатно и самите сте навикнати на таквата состојба, па имате потреба да барате дозвола за секој свој потег. Подетални информации за ваквите соништа побарајте на „Што значи да сонувате заробеници?“

Ако сонувате дека сте заклучени

Ако сонувате дека сте заклучени во некоја просторија и се обидувате да излезете тоа најчесто е поврзано со вашиот сексуален живот. Ако успеете да ја отворите или отклучите вратата тоа значи дека сте задоволни од вашиот сексуален живот.

Ако, пак, сонувате дека е можете да ја отклучите вратата веројатно сте фрустрирани и незадоволни од интимните односи. Ваквите соништа се поврзани со скриените чувства и желби кои ги имате, а кои не сакате да ги споделите со другите.

Ако сонувате дека сте грабнати (киднапирани)

Доколку сте киднапирани на сон тоа значи дека ви недостасува слобода. Можеби сте „заробени“ на работа која не ви дава простор да покажете што умеете и да ја покажете вашата креативна страна. Можеби ве гуши и партнерот.

Неговата/нејзината љубомора и потреба во секој момент да знаат каде сте и што работите не ви е интересна. Напротив, чувствувате притисок, а понекогаш и страв дека ќе сторите нешто што нему/нејзе нема да им се допадне. Ваквиот однос во секој случај е нездрав, затоа не е чудно што сонувате вакви соништа.

Ако сонувате љубовна авантура

Сон во кој имате љубовна авантура со некој кој не го познавате симболизира потреба да ја промените средината во која живеете. Веројатно до таа мера ве гушат луѓето, улиците, зградите, што би побегнале каде било. Ќе почнете да барате работа во друг град или држава за да се оттргнете некаде.

Ако имате љубовна авантура на сон со лице кое го познавате, а со кого во реалноста не сте во врска, тоа значи дека ви недостасува самодоверба. Премногу сте критични кон себе, својот изглед или достигнувањата. Време е да го задоволите вашето тело и да почнете да се гордеете и за малите нешта што сте ги направиле во животот.

Дефиниција за авантура

Авантура може да биде забава, неочекуван настан или сомнителен чин, краткотрајна љубовна врска.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg