„Монако мебел“ е македонската „Икеа“ - 10 самосклопувачки предлози за мебел во вашиот дом
Македонскиот бренд „Монако мебел“ веќе подолг период чекори во насока да стане најпрепознатливиот бренд за мебел на нашиот пазар. Монако произведува мебел по принципот „склопи-сам“, а поради врвниот квалитет и ниските цени веќе го нарекуваат македонска „ИКЕА“.
Целта на Монако мебел, кој е достапен само на online-продавницата Akcija.com.mk, е да понуди врвна услуга, брза достава и најниски цени, а сето тоа произведено во Македонија.
Како бренд постојат веќе неколку години, во кој период се етаблираа како водечко име во online-продажбата на мебел во земјава. Вреди да се напомене дека токму на Akcija.com.mk има неверојатни понуди за сечиј џеб, а ние останавме зачудени кога дознавме дека пакетот кој вклучува Android Smart TV со 5 години гаранција, ТВ комода, клуб маса и две наткасни чини само 17.790 денари.