За урбани и самоуверени мажи: 10 најпопуларни парфеми за оваа есен

Во есенските и зимските денови, неопходен ви е парфем кој ќе одолее на студеното време. Она што ќе направи да мирисате како вистински маж е токму парфемот наменет за ваквите временски услови. Потребен ви е парфем кој е богат, појак и поинтензивен.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen-01.jpg

Кои се 10-те најпопуларни машки парфеми за оваа есен во дрогериите COSMO?

1. DIOR SAUVAGE PARFUM.

Мирис со класична привлечност. Единствена креација за вистински автентичен маж. Со голема доза на цитрус, новиот Savage е свеж, благороден и сиров во исто време. Наменет за силни, „диви“ и мажи авантуристи.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen05.jpg

2. GIORGIO ARMANI PROFONDO.

За сензуални и модерни мажи кои ја сакаат слободата. Интензивна морска интерпретација на Acqua di Gio. Бергамот и зелена мандарина во комбинација со рузмарин, лаванда и чемпрес во јадрото. Базата е составена од патчули и засилен мошус.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen07.jpg

3. PACO RABANNE 1 MILLION.

За вистински џентлмени. Ги освојува и буди сите сетила. Комбинација од црвен портокал, пеперминт роза и цимет кои даваат посебен карактер на овој мирис. Елегантна и префинета арома која дава впечаток на силен карактер.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen02.jpg

4. CAROLINA HERRERA BAD BOY.

За смели мажи кои ги кршат сите правила и препреки и ги остваруваат своите цели. Извонреден мирис за уникатни и бунтовни мажи кои се борат за своите принципи и се верни на својот идентитет. Ориентален ароматичен мирис со комбинација од жалфија, бергамот и бибер зачинети со тонка, какао и амбер.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen03.jpg

5. MONT BLANC EXPLORER.

За мажи кои се постојано во потрага по авантура. Комбинација од единствена дрвено ароматична комбинација на бергамот од Италија, ветивер од Хаити и пачули од Индонезија.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen10.jpg

6. DIOR HOMME EDT.

Совршена комбинација на моќ и свежина. Мирисот трае и остава сигурен впечаток. За софистицирани мажи. Комбинација од ветивер и пачули.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen04.jpg

7. DOLCE&GABBANA K.

Мажот кој го носи овој парфем е крал во неговиот секојдневен живот. Чекори стабилно и сигурно. Ја почитува традицијата, но го комбинира и модерното. Одличен и величествен мирис кој ги комбинира цитрусните ноти со ароматичните дрвени ноти.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen06.jpg

8. BVLGARI MAN WOOD ESSENCE.

За урбани, современи мажи. Комбинација од дрвенести ноти: кора од дрво, смолa и есенции, со зачинети акорди. Италијанскиот цитрус заедно со листот од коријандер даваат свежина, а зелениот карактер на интензивната дрвенеста композиција вклучува акорди на чемпрес, ветивер и кедар.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen01.jpg

9. JIMMY CHOO URBAN HERO.

За мистериозни и самоуверени момци, спонтани по природа. Цврстиот став, заводливиот карактер и енергичноста се одлики на новиот Urban Hero. Во јадрото се среќаваат ветиверот и слатко розево дрво, а резултатот е секси софистицираност, расположение кое продолжува да се шири со аспекти на топол килибар и мистериозна чадена кожа.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen09.jpg

10. GUCCI GUILTY POUR HOMME.

Необичен цветен мирис со силен ароматичен карактер. Основата на мирисот содржи дрвенести ноти и бел мошус. За мажи кои не се плашат да стојат цврсто на своите ставови.

za-urbani-i-samouvereni-mazi-10-najpopularni-parfemi-za-ovaa-esen08.jpg

Сите 10 парфеми може да ги најдете во продажните места на дрогериите COSMO.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg