Што ги разликува традиционалните финансиски институции и НБФИ?

Целта на НБФИ, како еден од поголемите сектори на Fintech индустријата е да ги пресретне краткорочните финансиски потреби на граѓаните за финансиски услуги на брз, ефикасен и едноставен начин, со примена на напредна и иновативна технологија на сите канали кои потрошувачите ги преферираат, со акцент на дигиталните канали.

shto-gi-razlikuva-tradicionalnite-finansiski-institucii-i-nbfi-001.jpg

Но, што во суштина ги разликува традиционалните финансиски институции и небанкарските финансиски институции, односно финансиски друштва? Дали тие се конкуренти?

Може да се каже дека традиционалните финансиски институции и финансиските друштва, во суштина не се конкуренти, бидејќи постојат неколку поголеми разлики помеѓу нив, и од аспект на целните групи, и од аспект на технологија, кориснички пристап и сл., но генерално,  може да се каже дека токму овие разлики ги прават комплементарни субјекти на финансискиот пазар кои придонесуваат кон зголемување на финансиската активност и напредок на целокупната индустрија.

Една од главните разлики е технологијата. Финансиските друштва во своите услуги ги користат современите технолошки решенија со кои едноставно и во неколку секунди, од компјутер или мобилен телефон, можат да се завршат сите процедури за аплицирање, да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во куси рокови да се добие одговор и бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена.  Технолошките решенија на финансиските друштва се современи, што ги прави многу ефикасни, а со зголемената достапност на интернет и менувањето на корисничките навики за достапност на услугите на дигиталните канали, финансиските друштва можат да им обезбедат на клиентите потполно нов, целосно дигитализиран процес.

Дополнително, нивната корпоративна култура и ставови се слични на онаа на start-up компаниите, чиј фокус е обезбедување на ефикасна услуга и одлично корисничко искуство.

Корисниците на услугите на финансиските друштва се најчесто оние клиенти на кои им се потребни мали, микро кредити, кои ќе им помогнат за задоволување на неочекуваните финансиски потреби, за покривање на непредвидени трошоци во домаќинството и сл. Овие производи се прилагодени главно за краткорочна употреба, најчесто до 12 месеци, со што не го принудуваат потрошувачот да влезе во долгорочни обезбедени финансиски односи.

Целосна персонализација, непосредност, едноставност и достапност. Финансиските друштва нудат индивидуален пристап, флексибилност, дискреција, едноставност при аплицирањето, што подразбира избегнување на шалтерските процедури и непотребната документација. За нив се аплицира онлајн, преку кој било уред со интернет, во куси постапки се проверува кредитоспособноста на барателот, и потоа повторно онлајн се одобрува кредитот

Од аспект на производи, традиционалните финансиски институции издаваат поголеми износи за подолг временски период и до неодамна, речиси беше невозможно да се подигне кредит од традиционална финансиска институција во износ од 6.000, 10.000, 15.000 илјади денари, суми кои многу често се итно потребни како финансиска интервенција за некои непредвидени трошоци. Од друга страна пак, финансиските друштва им помагаат на клиентите да ги решат акутните финансиски потреби, каде што времето има одлучувачка улога. Главната идеја на финансиските друштва се базира на краткорочни обврски, со кои се утврдуваат предности за небанкарски кредити, во ситуации кога парите се потребни брзо, а периодот на отплата не е долг. Со оглед дека износот на кредитот е многу помал отколку во традиционалните финансиски институции, па оттука и бирократските барања се значително помали.

Исто така, постои и една многу важна разлика помеѓу обата субјекта, а тоа е начинот на финансирање на работењето. Имено, за разлика од традиционалните финансиски институции,  финансиските друштва не собираат депозити, односно штедни влогови, кои, кај традиционалните финансиски институции се основен извор за евтино финансирање, а потоа од истото и кредитирање. Финансиските друштва своите активности ги финансираат или од сопствени средства или, во голем дел, од кредити.

Овозможено од tigo.mk

Повеќе за Тиго>>>

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg