НБФИ... што е тоа? Знаеш?

За почеток, да дефинираме што всушност претставуваат финансиските институции...

nbfi-sto-e-toa-znaes-01.jpg

Тие се субјекти кои учествуваат на финансискиот пазар и кои посредуваат во понудата и побарувачката на финансиски ресурси.

Постојат голем број институции на финансискиот пазар, кои се развиваат паралелно со неговиот развој. Некои од нив се појавија порано,  како на пример банките и штедилниците, а пак некои подоцна, како што се осигурителните компании, инвестициски фондови, пензиски фондови, финансиски компании и други небанкарски финансиски институции, со главна цел - да го унапредат работењето на финансискиот пазар,.

Небанкарските финансиски институции се релативно млади бизниси, формирани, како што кажавме, да го надополнат работењето на традиционалниот финансиски систем. Според нивната дефиниција, тие ја претставуваат секоја небанкарска финансиска институција која користи технолошка платформа за да позајмува пари, често имплементирајќи алтернативни податоци и аналитики, или било која компанија чија примарна дејност вклучува обезбедување на податоци и аналитички податоци за онлајн кредиторите или инвеститорите во онлајн кредити.

Во нашата земја, НБФИ се претставувани од страна на финансиските друштва, како што е на пример Тиго Фајнанс, а токму НБФИ во нашата земја се главниот двигател на индустријата Fintech (прочитајте повеќе за Финтек во претходниот текст)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg