На прв поглед, играњето на видео-игри не се разликува суштински од читањето, гледањето на филмови и слични работи што ги правиме во слободно време. Но знаевте ли дека видео-игрите можат многу лесно да создадат зависност? Сите видео-игри, од раните аркади до современите хитови, користат механизми со кои не привлекуваат. Порано се користеле листи на најдобри резултати, а денес се добиваат подароци за напредокот во играта, на пример, ќе добиеме ново оружје кога ќе го достигнеме 50-то ниво. На произведувачите на игрите им е важно игрите да се играат што е можно подолго. Колку повеќе луѓе играат, животниот век на играта станува подолг, а можноста за заработка е поголема. Зошто сме зависни од видео-игрите?