Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Самсунг ги дарува купувачите на новата моќна Галакси С (Galaxy S) серија

Скопје, 13 мај 2019 – Идните сопственици на моќната Галакси С10 (Galaxy S10) серија ќе имаат уште една причина да се радуваат на купувањето на новите С10е (S10e), S10 (S10) и С10+ (S10+) уреди, затоа што на подарок ќе добијат безжични “Y500 AKG Harman“ слушалки во вредност од 14.500 денари. Воедно, за потрошувачите максимално да уживаат во својот уред без грижи, покрај слушалките со високо квалитетни аудио перформанси, ќе добијат и право на една година осигурување во случај на оштетување на екранот.

samsung-gi-daruva-kupuvacite-na-novata-mokjna-galaxy-s-serija-001.jpg

Правото на подарок и осигурување на екранот се стекнува откако гордите сопственици на моќен уред од новата Галакси С серија, во рок од седум дена од датумот на купување, ќе се регистрираат на страницата www.samsungsp.eu/mk/. Поволностите можат да ги искористат и правни лица, кои пополнуваат засебна регистрациска форма во рамки на горенаведениот линк.

Промоцијата која опфаќа осигурување на екранот и подарок слушалки важи за уредите од Галакси С10 серијата купени во период од 10.05.2019 до 07.06.2019, додека времетраењето на процесот на регистрација е од 10.05.2019 до 14.06.2019 година. Оваа акција се однесува само за уредите купени кај официјалните продажни партнери на компанијата Самсунг. Сите заинтересирани повеќе информации може да пронајдат на следниот линк: www.samsung.com/rs/offer/samsung-podaruva-mk/.  

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg