Телеком ја претстави Price Hero, првата корисничка апликација со проширена реалност (Augmented Reality) во Македонија

Price Hero е новата апликација на Македонски Телеком која преку виртуелни и интерактивни информации ќе им помага на корисниците да го изберат својот нов смартфон и најдобрата понуда за него.

telekom-ja-pretstavi-price-hero-prvata-korisnicka-aplikacija-so-prosirena-realnost-vo-makedonija-001.png

Апликацијата работи со помош на проширена реалност (Augmented Reality)  преку камерата на уредот и ќе ги замени сувопарните ценовни информации со живи слики и персонализирани предлози за претплата. Исто така, со оваа апликација ќе ги добиете сите информации без да чекате ред за да разговарате со вработените.

Како функционира Price Hero?

По инсталација на апликацијата достапна за  Android и iOS, потребно е да се најавите со вашиот Телеком профил, или како гостин. Препорачливо е да се најавите преку вашиот профил за да добиете персонализирани предлози. По најавата, апликацијата ја стартува камерата и сè што треба да направите е да ја насочите кон QR кодот изложен до секој уред во Телеком продавниците.  

Со Price Hero веднаш ќе добиете информации за: најдобрата понуда на претплата, технички спецификации, цена на уредот, цена на рата и преглед на слични уреди достапни во Македонски Телеком, за да бидете сигурни дека сте го направиле најдобриот избор. Со апликацијата ќе можете и да го видите телефонот во сите достапни бои.

Price Hero за Android

Price Hero за iOS

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg