Низ нашите животи сме забележале дека храната добива најмалку бенефити од развојот на новите технологии. Комуникацијата, дигиталната меморија, возилата, градежништвото и бројни други полиња доживеаа револуции во своите области. Од друга страна, пак, новите гаџети кои секојдневно ги користиме се користат во комбинација со старите веќе познати кујнски помагала, паметни фрижидери, рерни, микропечки итн...