Полначот за телефонот и уште 3 уреди кои не треба постојано да бидат вклучени во струја (и зошто)

Ако го оставате смартфонот на полнач по цел ден, ќе го намалите капацитетот на батеријата за многу краток период, па ќе треба да купувате нова.

polnachot-za-telefonot-i-ushte-3-uredi-koi-ne-treba-postojano-da-bidat-vklucheni-vo-struja-i-zoshto-01.jpg

Некои електронски уреди ги користиме секојдневно, па логично е постојано да ни бидат вклучени во струја.

Најчесто станува збор за уреди како телевизор, компјутер или лаптоп, а многумина редовно го оставаат и мобилниот телефон приклучен на полнач.

Додека повеќето уреди не прават голема разлика во сметката кога се постојано вклучени и не претставуваат опасност, постојат и уреди кои не е препорачливо постојано да бидат вклучени во струја.

Зошто не треба да го оставате телефонот приклучен на полнач откако ќе се наполни?

Можете да ја оштетите батеријата на смартфонот

Ако го оставате смартфонот по цел ден на полначот, може да ја оштетите батеријата и да ѝ го скратите рокот на траење.

Ова го тврдат и дел од најпознатите брендови кои произведуваат смартфони, како Apple, Huawei и Samsung.

zoshto-polnachot-za-telefonot-i-3-drugi-uredi-ne-treba-da-bidat-postojano-vklucheni-vo-struja-02.jpg

Го зголемувате ризикот од пожар

Кога се полнат, смартфоните се загреваат и ова е сосем нормално. Кога ќе ги исклучите од полначот, нивната температура ќе се регулира и не може да настане никаков проблем.

Но, ако го ставите телефонот под перница додека го полните и го оставите неколку часа (или преку ноќ), лесно можете да предизвикате прегревање, а со тоа и пожар.

Истовремено, препорачливо е секогаш да користите оригинален полнач за да го избегнете ризикот од спој и пожари. 

zoshto-polnachot-za-telefonot-i-3-drugi-uredi-ne-treba-da-bidat-postojano-vklucheni-vo-struja03.jpg

Го зголемувате ризикот од инциденти

Ако имате мачка или куче, досега сигурно имате барем еден изгрицкан кабел.

Ако го оставите телефонот или само полначот цел ден приклучен, постои опасност миленикот да го изгрицка кабелот и да го фати струја.

zoshto-polnachot-za-telefonot-i-3-drugi-uredi-ne-treba-da-bidat-postojano-vklucheni-vo-struja-04.jpg

Го изложувате телефонот на ризик да се расипе при нагли промени на напонот

Дали поради гром, стара инсталација или нешто друго, некогаш се случува да настане нагло зголемување на напонот.

Ако вашиот телефон е приклучен на полнач во овој миг, постои опасност да се расипе.

Секако, ризикот за ова постои и кога навистина чекате да се наполни телефонот, но подобро е да не ги оставате уредите прекувремено вклучени во струја. 

zoshto-polnachot-za-telefonot-i-3-drugi-uredi-ne-treba-da-bidat-postojano-vklucheni-vo-struja-05.jpg

Побрзо ќе го оштетите кабелот

Ако имате навика да го користите телефонот додека тој е на полначот, побрзо ќе ви се скине кабелот, особено ако телефонот е приклучен по цел ден.

Поради движењето и виткањето, горниот гумен слој побрзо ќе се истроши и ќе се скине.

zoshto-polnachot-za-telefonot-i-3-drugi-uredi-ne-treba-da-bidat-postojano-vklucheni-vo-struja-06.jpg

Кои други уреди не треба да бидат постојано вклучени и зошто?

Телевизор

Исклучувањето на телевизорот од струја нема да ви заштеди многу пари на сметки, но постојат други причини зошто е добро да го исклучите.

Модерните телевизори трошат минимално количество струја ако се исклучени, но вклучени во штекер.

Но, ако претходно сте имале проблеми со електричната инсталација во домот, препорачливо е да го извадите од штекер во случај да настане спој и телевизорот да се расипе, па дури и да предизвика пожар.

Добро би било да го исклучите од штекер и ако надвор има грмотевици.

Нема потреба да ги исклучувате во текот на денот, туку ако сте отсутни од дома неколку денови, а можете и навечер или кога одите на работа.

zoshto-polnachot-za-telefonot-i-3-drugi-uredi-ne-treba-da-bidat-postojano-vklucheni-vo-struja-07.jpg

Микробранова печка

Слично како телевизорот, и микробрановата печка троши многу малку струја ако е само вклучена во штекер. Обично оваа струја е за дигиталниот часовник и не прави некоја разлика.

Сепак, ако имате постара микробранова печка, вадете ја од штекер кога не ја користите бидејќи постои опасност да настане спој, а со тоа и пожар.

zoshto-polnachot-za-telefonot-i-3-drugi-uredi-ne-treba-da-bidat-postojano-vklucheni-vo-struja-08.jpg

Лаптоп

Слично како кај смартфоните, и батеријата на лаптопот може да се оштети ако постојано е вклучен на полнач.

Освен ако не ви треба батеријата да издржи подолг период, препорачливо е и лаптопот да го полните до 80%.

Всушност, некои лаптопи веќе имаат опција која нуди автоматско прекинување на полнењето кога батеријата ќе стигне до 80%.

Кога станува збор за струја, и во овој случај веројатно нема да забележите голема разлика, но барем ќе го продолжите рокот на батеријата на лаптопот.

zoshto-polnachot-za-telefonot-i-3-drugi-uredi-ne-treba-da-bidat-postojano-vklucheni-vo-struja-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg