Температурите во Скопје се неподносливи – го најдов клима-уредот кој е економичен, лади без да дува директно и изгледа луксузно
Температурите низ Македонија го достигнаа 30-тиот степен уште пред официјалното доаѓање на летото, па време беше за нов клима-уред кој ќе ни ги задоволи критериумите со оглед на тоа што нема да го исклучиме до крајот на септември, очигледно. Енергетски ефикасен и економичен (земајќи ги предвид веќе високите сметки за струја), имплементирано паметно струење на воздухот за да не дува директно во мене и модерно-луксузен дизајн со златен и сребрен текстил. Кој е мојот избор?
Некако, секоја година сѐ порано и порано температурите стануваат високи, а глобалното затоплување си има свој удел во тоа, чии последици за жал ние ги трпиме.
Температурите низ Македонија го достигнаа 30-тиот степен уште пред официјалното доаѓање на летото, а тоа нè натера многу порано да почнеме со вклучување на клима-уредите и ладење на просториите – дома и во канцеларија.
Едноставно, има денови кога уште во раните утрински часови е неиздржливо топло, а по чекорењето по вжештениот асфалт низ улиците на Скопје, посакувам само да влезам во добро изладена просторија. Верувам дека и во другите градови ситуацијата е слична.
Па, со оглед на тоа што клима-уредите веќе ни работат уште од средината на мај (иако се обидував колку што е можно повеќе да го одложам почетокот), а веројатно нема да ги исклучиме до крајот на септември како што покажуваат временските услови, дојде време да го замениме стариот клима-уред со нов кој ќе ги исполни целосно сите наши критериуми.
Иако не сум голем познавач на технологија и клима-уреди, сепак има некои работи што сум ги слушнала од стручни лица и до кои сакам да се придржувам цврсто при изборот на нов уред.
Па, ако и вие се интересирате за нов уред, во продолжение прочитајте кои се моите критериуми и кој е мојот краен избор што ги исполнува, па можеби ќе ви бидат од корист информациите.
За почеток, енергетската ефикасност е нешто што игра огромна улога, посебно во време кога сметките за струја се високи до плафон.
Бевме во потрага по уред со А+++ енергетска класа во ладење и енергетска класа А++ во греење, со што ќе си обезбедиме значителни заштеди на енергија – што е поволно за околината, но и за нашиот џеб.
Иако ја купуваме во лето со цел да нè излади од горештините, сепак е инвестиција која ќе ни биде потребна и во зима, па добро е да знаете дека клима-уредот ќе има можност да ја затопли просторијата и на надворешни температури до -25°С.
Друга важна работа со оглед на тоа што цело лето ќе бидеме под клима, е истата да не дува директно во нас и цело лето да бидеме настинати и вкочанети.
Верувале или не, за ова не игра улога само поставеноста на уредот, туку постојат уреди во кои е имплементирано паметно струење на воздухот.
Со иновативното движење на крилата од 180°С, воздухот може да тече во хоризонтална или вертикална насока, а оваа опција овозможува да не се чувствува директниот проток на воздух кон вас. Восхитувачко, нели?
Дополнително, кога станува збор за здравјето, што на сите ни е на прво место, сте забележале ли дека кога долго работи клима уредот, честопати се случува да кивате и да ви пречи воздухот кој го дишете?
Јас дефинитивно сум склона на алергии, па при изборот на новиот клима-уред овојпат посебно ми беа значајни филтрите за отстранување несакани материи од воздухот.
Голема улога при изборот имаше био ХЕПА системот за филтрирање, кој ги отстранува честичките до РМ 0,3 во воздухот и другите штетни материи, а јонизаторот ги отстранува алергените честички како прашина, полен, бактерии и вируси, со што ќе биде овозможен чист, квалитетен и здрав воздух за дишење во просторијата каде минуваме најголем дел од времето.
Како вљубеник во естетиката, покрај сите горенаведени критериуми, ништо помалку важен не ми е дизајнот на уредот, кој сакам да биде стилски вклопен во домот, покрај тоа што ќе биде функционален.
Нешто што ме освојува на прв поглед е дефинитивно клима-уредот со модерен и луксузен изглед, благодарение на иновативниот текстилен дизајн, посебно кога истиот, покрај во класична бела, доаѓа во златна и сребрена боја, со што е заслужена RED DOT наградата за дизајн.
Верувам дека не мора да нагласувам дека во модерно време, неопходна е и Wi-Fi контролата над клима-уредот, кој може да се ракува и од паметен телефон кога не сме дома - на пример кога ќе тргнам од работа или кога се враќам од одмор, преку телефон да вклучам посилно дување кога ќе бидам во близина, за кога ќе си дојдам, домот веќе да биде изладен.
На празно би зборувале за квалитетот и изгледот, доколку за уредот не постои добра гаранција, па кога ќе слушнете дека има 5 години гаранција со монтажа и задолжителен годишен сервис од овластен сервис – не треба да размислувате за понудата! Ние веднаш бевме освоени.
Клима-уредот во денешно време веќе не е луксуз, туку вистинска потреба, па важно е да инвестирате во уред кој ќе ви понуди најдобра функционална вредност за паричната вредност на пазарот, а тука може да го погледнете мојот избор, кој ги вклучува сите горенаведени критериуми и можности.