„Се вљубив во часовникот Huawei Watch Fit 2 - тој ми е и персонален тренер и најтренди моден додаток“

Обезбедете си го HUAWEI WATCH FIT 2 и новата етапа во вашиот живот може да започне – етапа во која ќе бидете поодговорни кон своето здравје и тело и етапа во која овој паметен часовник и моден додаток ќе ве направи кул во очите на помладите – мојата 18-годишна братучетка инстантно се вљуби во него. И корисен и кул и „буџет-френдли“, часовник кој ќе ве освои на прва и вас!

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-0001.jpg

Има нешто посебно во паметните часовници, тие едноставно ја имаат моќта да влијаат на квалитетот на вашиот живот и некако вреди да се инвестира со нив. Но, уште подобро е кога ќе наидете на „буџет-френдли“ опција, која ги задоволува сите ваши критериуми, а јас наидов токму на таква - Huawei Watch Fit 2 е сè што си посакував од паметен часовник и тоа по пристапна цена.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-21.jpg

Уште кога мојата 18-годишна братучетка, која ги следи сите светски модни трендови, но и трендови на поле технологија ми го „киднапираше“ во првиот миг штом ме виде со него на рака и го носеше речиси цело заедничко викенд патување, сфатив дека тоа е тоа.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-15.jpg

Не само функционалност, туку и дизајн и естетика е на највисоко можно ниво.

Никогаш не потценувајте го изостреното тинејџерско око. Ние некогаш знаеме да кажеме „ајде ќе помине за одредена работа“, но тие не, тие не се задоволуваат со ништо помалку од совршенство, се разбира, според нивните внимателно изградени критериуми, па тоа ми беше потврда колку е кул мојот нов Huawei Watch Fit 2.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-16.jpg

Часовникот Huawei Watch Fit 2 изгледа одлично со својот AMOLED дисплеј од 1.74 инчи, врамен до совршенство со ултра тесни рамки. Одлично легнува на рака, едноставно не го чувствувате и не ви пречи на зглобот во ниту еден миг.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-03 (11).jpg

И при прошетки и при вежбање, со леснотија ја движите раката. Од слушање музика и примање дојдовни повици до режими за вежбање и мерење на нивото на сатурација во крвта, сè ќе правите на брз и едноставен начин.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-13.jpg

HUAWEI WATCH FIT 2 доаѓа со креативни AOD дизајни за сите негови прекрасни лица, а Watch Face Store го олеснува создавањето стилови кои го доловуваат вашиот индивидуален печат.

Часовникот можете да го стилизирате со различни ремени.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-03.jpg

Active Edition нуди цврсто решение на раката што ја смирува кожата, додека модерната кожа на Classic Edition импресионира со својата фина текстура. И да не ја заборавиме минималистичката метална форма на Elegant Edition, која обезбедува уникатна привлечност што буквално блеска.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-01.jpg

Со седум бои и три материјали за избор, вие ќе имате избор да се почестите со совршен моден додаток, според вашиот префинет стил. HUAWEI WATCH FIT 2 се одликува со иновативен дизајн press-to-release, што значи дека менувањето на ремените е лесно како и менување нараквици.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-04.jpg

Дополнителна кул карактеристика е што можете да поставите слика од телефонот како лице на часовникот, префрлајќи ја само со допир.

Неговата практичност, меѓудругото, се крие и во батеријата што долго трае. За време на викендот со братучетка ми интензивно го користевме, жедни за да ги пробаме сите негови опции, но полнач не ни притреба.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-05.jpg

Целосното полнење на вашиот часовник овозможува до 10 дена типична употреба или 7 дена честа употреба, што значи дека нема да имате главоболки при ненадејно празнење или потреба постојано да носите полнач со вас.

Одлично е што можете дури и да добиете цел ден користење со само 5-минутно полнење, за миговите кога брзате и нешто „гори“.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-17.jpg

Во ова динамично време клучно е да останеме поврзани и во движење.

HUAWEI WATCH FIT 2 е и комуникациски центар, со поддршка за повици преку Bluetooth, брзо враќање на пораки и овозможува лесно префрлање на контакти.

Дури и телефонот да не ви е при рака, вие ќе знаете дека вашите повици доаѓаат до вас преку HUAWEI WATCH FIT 2.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-26.jpg

Можете да слушате музика, да проверувате временска прогноза и што уште не.

Омилена опција сигурно ќе ви стане т.н. Voice Assistant со кој вашата желба ќе се претвори во заповед, односно вие ќе кажете што ви е потребно, а вашиот паметен часовник ќе се погрижи за тоа, од поставување аларм до проверка на времето или фотографирање.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-20.jpg

Треба само да повлечете надесно на екранот на HUAWEI Assistant∙TODAY и да притиснете на копчето Voice Assistant или да го притиснете копчето Home 1 секунда, за да го активирате Voice Assistant и да ги завршите вашите обврски во движење.

Благодатот од овој часовник е што ве става во движење и ве предупредува кога седите предолго.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-02.jpg

Со ексклузивни фитнес анимации и гласовно загревање за 7 најчести вежби, како трчање, возење велосипед и пливање, можете да го извлечете најдоброто од секој тренинг.

Неговата сенаменска функција го прави ваш здравствен менаџер, односно од когромна корист ќе ви бидат паметните функции за управување со вашето здравје, вклучувајќи SpO2 (мерење на сатурација во крвта), отчукувања на срцето, спиењето и следење на стресот.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-19.jpg

Лесно ќе го поврзете со вашиот телефон, а апликацијата HUAWEI Health е компатибилна со уредите со Android и iOS.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-04.jpg

Обезбедете си го HUAWEI WATCH FIT 2 и новата етапа во вашиот живот може да започне.

se-vljubiv-vo-chasovikot-huawei-watch-fit-2-toj-mi-e-i-personalen-trener-i-najtrendi-moden-dodatok-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg