„Мојот избор за прв паметен часовник е HUAWEI WATCH GT 3 Pro - стилска класика што го доведува во ред животот на жените со турбулентно секојдневие“
Досега сум немала паметен часовник, но со динамичното темпо на живот, работните, но и приватните обврски (како организирање свадба) кои ги имам, и уморна од доаѓањето дома навечер само за да преспијам, се натерав да направам некои промени во животниот стил, а за „прва помош“ се обратив кај HUAWEI WATCH GT 3 Pro - најдобрата инвестиција во уредот кој ми ги доведе во ред секојдневието и животните навики.
Постојаната трка со времето и немањето време за ништо, ангажманите кои ми ги носи работната позиција која бара високо ниво на одговорност, но и обемот на приватните обврски (како организирање на свадба), ми го направија секојдневието турбулентно, а јас и моето тело некако завршивме на последно место на листата на приоритети.
Во последниов период, се „фатив“ себеси како не можам да поврзам три дена по ред да си доаѓам дома после работа, да направам или да јадам нормален ручек, да одморам и да ми остане време за некоја активност пред да си легнам.
Не сакајќи да го дозволам тоа и изморена од доаѓањето дома доцна само за да спијам и следниот ден да се спремам за на работа, се натерав да направам некои промени во животниот стил, но дефинитивно ми беше потребна помош за да се ставам во ред.
За „прва помош“ се обратив кај технологијата, па се одлучив да бидам „во тренд“ и за првпат на мојата рака да додадам паметен часовник како моден додаток и животен асистент, кој ќе ме натера да внимавам на здравјето, изгледот и животните навики.
Со оглед на тоа што квалитетот и естетиката го делат првото место кога станува збор за мои лични критериуми при избор на гаџети и часовници, бев решена за нешто што ќе изгледа стилски на дневни и деловни комбинации, а истовремено ќе одговара и за спортски активности, со цел да не го извадам од рака во ниту еден момент.
Мојот избор беше HUAWEI WATCH GT 3 Pro Ceramic Edition, модел кај кој модерната технологија се среќава со класичната изработка на керамика, а стилската креација открива безвременска естетика.
За жените кои покрај на квалитетниот животен стил, внимаваат и на естетиката и деталите, посебно е интересен фактот дека овој часовник е изработен на екстремно висока температура од 1500 °C и е завршен со полирање со дијамантски прав за да се постигне чисто-бела и беспрекорна текстура.
Бројчаникот од сафирно, кристално стакло и дизајнот со светло златна рамка на бела керамичка лента (мојот избор) и сребрена рамка на бела кожна лента, остава посебен впечаток на префинетост.
Неговата инспирација е ремек-делото на Ботичели „Раѓањето на Венера“, што ќе го пронајдете во златните или сребрени фитинзи со 24 бранови, што го претвора часовникот во уметничко дело.
Дополнително, што исто така е многу важно за мене, е што часовникот одлично лежи на зглобот од раката и воопшто не ми пречи при какви било активности во текот на целиот ден.
Зависно од пригодата за која го носите часовникот, можете да ја менувате темата на екранот, а изборот на уникатни дизајни е огромен и можете да го истражите на Huawei Watch Face Store, особено ексклузивната тема „Ден и ноќ“ што се менува на изгрејсонце и со фазите на Месечината.
Сите апликации, копчиња, опции и функционалности ќе ги гледате на 1,32-инчниот AMOLED HD дисплеј во боја со 466x466 HD резолуција, со беспрекорен квалитет на сликата, а нема да имате никакви пречки со светлината преку ден и навечер.
Покрај префинетиот и безвременски дизајн на кој е внимавано до најмал детаљ, часовникот веднаш ме освои со одличните опции кои ми помогнаа целосно да си го променам секојдневието и да си го организирам денот, така што ќе имам повеќе време за себе, но и за слободни активности.
Одговорната работна позиција честопати ме „врзува“ за компјутер, па поголемиот дел од времето во канцеларија го поминувам во седечка положба, која кога не е избалансирана со дополнителни физички активности, си носи свои последици.
Часовникот сега ми помага да не „изумам“ дека сум се заборавила од седење, па на секој час ме потсетува дека е време за размрдување, кое по ново решив да го поминувам во качување по скалите од влезот, а притоа да си го мерам пулсот и да успеам во догледно време да ја подобрам кондицијата.
Работата во медиум бара да бидеме достапни за читателите повеќе од 8 часа во денот, па посебно ми значи кога известувањата и мејловите ми се достапни на зглобот од раката во секое време, а истовремено оттаму ги контролирам и повиците и пораките додека сум во движење или вежбам.
Да, во секојдневието успеав да го вметнам и вежбањето како активност во неколку дена од неделата, со мојот нов гаџет кој нуди избор на повеќе од 100 различни тренинзи - трчање, возење велосипед, планинарење, пливање во затворен простор, скијање и повеќе, а часовникот може да синхронизира и плејлисти од вашиот телефон и сам да ги пушта омилените песни додека спортувате.
Метриката за трчање, водена од податоци, вклучувајќи индекс на способност за трчање, притисок за тренирање и оптоварување на тренинг, како и совети, ви помагаат да ги максимизирате перформансите без да го преоптоварувате вашето тело, а рутите за трчање имаат можност да се споделат.
Со доаѓањето на летните одмори, инвестицијата во овој часовник е вистински погодок и за оние кои сакаат да го истражуваат подводниот свет во морињата и океаните, бидејќи поддржува слободни нуркања длабоки до 30 метри, а во реално време прикажува податоци за нуркање, вклучува потсетници ако одите премногу длабоко, а има и режим на обука за апнеа.
Да не заборавам дека може да се активира камерата на вашиот телефон со функцијата за далечинска бленда и да се доловат незаборавни моменти со неколку едноставни допири на вашиот зглоб и да се направат кул фотки без мака.
Часовникот е апсолутен помошник во борбата да се задржи доброто здравје и благосостојба, а опциите за прецизно мерење на пулсот, ЕКГ, температурата на кожата и нивото на сатурација во крвта, но и можноста за следење на менструалниот циклус, квалитетот на спиење и дишењето, како и многу други параметри (кои е најдобро сами да ги истражите зависно вашите потреби), и тоа како ни се од корист, со цел сите записи за нашата состојба да бидат на едно место – како еден вид паметен здравствен картон и заштита.
Признавам, периодов сум лесно раздразлива, а многуте обврски и роковите лесно предизвикуваат стресни ситуации, за кои сите сме свесни дека треба да бидат сведени на минимум.
Живееме во прилично динамично и стресно време, што некогаш не ни забележуваме дека секоја безначајна ситница ни создава стрес, па бев изненадена од опцијата за мерење на стрес на мојот HUAWEI часовник, кој ми помогна да сфатам дека не сум толку „безгрижна“ како што сакам да се претставувам.
Откако резултатите ми покажаа дека имам нормално ниво на стрес, но не и ниско, решив дека е време за смирувачки вежби за дишење, кои се овозможени од часовникот, а помагаат да си го олесните умот.
Дефинитивно ми беше потребен еден ваков потсетник, кој ќе ми го контролира здравјето и квалитетот на сонот, но и навиките во текот на денот, ќе ме тера да бидам активна, а ќе ми помогне да бидам достапна за сите известувања и без да сум залепена за телефонот, што ми овозможува повеќе квалитетно време поминато сама со себе, но и со партнерот и пријателите.
М. М. | Црнобело