Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот)

Ако исклучите Bluetooth, ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси и хакирање – кои се најчестите митови за уредите на Apple кои не се воопшто точни?

mitovi-za-iphone-koi-ne-se-tochni-i-mozhat-da-vi-go-rasipat-uredot-01.jpg

Смартфоните на Apple се меѓу најпопуларните во светот, но истовремено и едни од најскапите.

Па, кога ќе ги купат, луѓето навистина сакаат да им служат подолг период.

Сепак, во ерата на интернетот мошне лесно се шират дезинформации, вклучувајќи и за грижа за технологијата што ја користиме.

Конкретно за iPhone, се чини дека постојат безброј митови од кои дел можат и сериозно да ви го оштетат уредот.

Па, кои се митовите во кои не треба да верувате, според Apple и експерти за технологија?

Имајте на ум дека повеќето совети се однесуваат на понови модели на iPhone, па ако имате постар модел и не сте сигурни, секогаш можете да ја изгуглате вашата дилема.

Најчестите митови за iPhone:

Мит 1: Ако телефонот ви падне во вода, ставете го во ориз за да го исушите

Ова е можеби најпопуларниот мит не само за iPhone, туку за кој било смартфон. И, сепак е само мит.

Не е познато од каде потекнува митот, но на многумина им звучи логичен бидејќи мислат дека оризот ќе ја впие водата.

Оризот нема да го исуши телефонот, а може и дополнително да го оштети, особено ако во него завршат ситни честички од него.

Поновите модели на iPhone се поотпорни на вода, но не значи дека водата не може да ги оштети.

Затоа, имаат вградено систем кој предупредува кога во уредот има вода.

Во повеќето случаи, кога ќе се активира алармот за вода, доволно е само да почекате да се исуши пред да го ставите на полнач.

mitovi-za-iphone-koi-ne-se-tochni-i-mozhat-da-vi-go-rasipat-uredot-02.jpg

Мит 2: Исклучувањето на Wi-Fi и Bluetooth ќе ви заштеди батерија

Кога не ги користите, овие функции не трошат многу батерија и не прават некоја разлика.

Ако целта ви е да заштедите батерија, најдобро е да ја вклучтие опцијата Airplane Mode која автоматски ги исклучува повеќето апликации и процеси што ја трошат батеријата.

mitovi-za-iphone-koi-ne-se-tochni-i-mozhat-da-vi-go-rasipat-uredot-03.jpg

Мит 3: Опцијата Private Browsing ги крие IP адресата и локацијата

Ова не е воопшто точно и важи за сите уреди, не само iPhone.

Кога користите Private Browsing, единствено не се зачувува вашата историја на пребарување.

Но, не значи дека го штити вашиот идентитет на интернет, локацијата на уредот доколку ви е вклучена или неговата IP адреса.

За да ги скриете овие податоци, тогаш треба да се претплатите на iCloud+, со што ќе ви стане достапна опцијата iCloud Private Relay.

mitovi-za-iphone-koi-ne-se-tochni-i-mozhat-da-vi-go-rasipat-uredot-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg