Реалната причина зошто имате отворени многу „табови“ и како конечно да ги затворите

Ако погледнете кон својот пребарувач и видите 2-3 „табови“ и тоа само оние кои ви се најкорисни, ви честитаме, вие имате уредно користење на интернетот.

realnata-prichina-zoshto-imate-otvoreni-mnogu-tabovi-i-kako-konechno-da-gi-zatvorite-01.jpg

Исто така, припаѓате на оној мал процент на луѓе кои успеваат да живеат само со неколку „таба“, додека другите имаат сигурно над 10. Сигурно си велите дека сè што сте отвориле ви треба. Да, мејлот, социјалните мрежи, агрегатор за вести, портали кои ги читате, па и по некој хроно или кето рецепт, Јутјуб, реклама на која сте кликнале, шопинг-сајт со отворени неколку производи кои сакате да ги купите, некој информатор... Веќе звучи премногу.

Постои теорија дека на овој начин се штитиме од здодевност и си создаваме илузија дека имаме многу за работење (сурфање). Затоа и луѓето мислат дека се добри во мултитаскинг и дека можат да внимаваат на повеќе од едно нешто во даден момент.

Отворањето на многу „табови“ попрво е претрупување со информации и задачи, отколку мултитаскиг и сигурно не сте ефективни додека го правите тоа, бидејќи постојано нешто друго ви го привлекува вниманието.

realnata-prichina-zoshto-imate-otvoreni-mnogu-tabovi-i-kako-konechno-da-gi-zatvorite-02.jpg

Затоа, доколку треба да напишете мејл, напишете го тоа без да гледате дека на Фејсбук ви стигнала порака. Во спротивно, ќе се фатите себе како пишувате мејл 30 минути, кога инаку би ви требале најмногу пет.

Луѓето, исто така, се плашат да не пропуштат нешто додека прават нешто друго, па затоа и не ги затвораат табовите. Ние ги третираме компјутерите и мобилните како неограничен капацитет на информации и нотификации и стануваме практично зависни од нив.

Обидете се кога ќе завршите тоа што сте правеле да го изгаснете табот или пак, организирајте ги корисните линкови во фолдери во букмаркс. Нема потреба да се обидувате да бидете во тек со сè.

Само храбро, воопшто не е тешко да се кликне тој „х“.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg