Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или ве прислушуваат) + како да се заштитите

Ако батеријата ви се празни невообичаено брзо или ако забележите непознати повици и пораки, сосема возможно е некој да го хакирал вашиот телефон. Кои се другите знаци за хакерски напад или прислушување, но и како да се заштитите?

6-znaci-deka-telefonot-mozhebi-vi-e-hakiran-ili-ve-prislushuvaat-kako-da-se-zashtitite-01.jpg

Денес, кога живееме во ерата на дигиталната технологија, логично е да се грижиме за своите податоци.

Сега, кога сѐ што е на интернет е достапно за сите, дали постојат начини да се заштитиме себеси и да се осигуриме дека никој не нѐ шпионира? 

6 знаци дека вашиот телефон можеби е хакиран и неколку начини како тоа да го спречите:

Пред да преминеме на знаците, прво мораме да се осврнеме на методите и начините на кои телефонот може да биде хакиран:

За хакерите најлесен начин е да го земат вашиот телефон и рачно да инсталираат шпионски апликации.

Друг (исто така лесен) начин е користењето незаштитени Wi-Fi мрежи, како оние на аеродромите. Затоа што јавните Wi-Fi мрежи се отворени за сите луѓе, сите околу вас можат да го делат и потенцијално да го видат вашиот сообраќај.

Помалку познат начин на хакирање е преку непознат кабел за полнење. Ако го приклучите или го полните телефонот на непознат кабел, ризикувате некој да допре до вашите информации.

Постои и метод познат како PhishingВо овој случај, хакерите праќаат порака со која се обидуваат да ве убедат да испратите доверливи информации.

Во пораките тие се претставуваат како банки, па и овластени лица од Инстаграм или други социјални мрежи, и користат лаги за да ве натераат да испратите информации како лозинки и податоци за вашите картички. 

6-znaci-deka-telefonot-mozhebi-vi-e-hakiran-ili-ve-prislushuvaat-kako-da-se-zashtitite-02.jpg

Кои се знаците дека вашиот телефон е хакиран (но не значи дека секогаш тоа е причината)?

Ако батеријата на вашиот телефон многу брзо се празни, тоа може да биде знак дека е активна непозната апликација во позадина.

Ако вашиот телефон постојано се рестартира, исклучува, отвора апликации или ѕвони на сомнителни броеви, можно е хакерите да се обидуваат да се инфилтрираат во вашиот телефон.

Ако вашиот телефон е постојано топол иако не го користите многу, тоа може да биде уште еден знак дека е започната некоја непозната апликација.

Ако постојат непознати броеви во листата на повици, тоа е знак дека некој се мешал со вашиот телефон.

Ако не можете да го исклучите телефонот или да контролирате едноставни апликации како што е камерата, можеби зад тоа се крие хакерски напад.

Конечно, ако редовно слушате бука или ехо додека разговарате на телефон на место каде обично тоа не се случува, тоа е причина за сомнеж дека можеби сте прислушувани. 

6-znaci-deka-telefonot-mozhebi-vi-e-hakiran-ili-ve-prislushuvaat-kako-da-se-zashtitite-03.jpg

Како да се заштитите?

- Ако добиете порака од непознат испраќач со некаков линк, немојте никако да го отворате линкот.

- Ако го полните телефонот со непознат кабел во непознат уред, изберете ја опцијата „Само полнење“, не и префрлање податоци.

- Наместо да се поврзувате на секоја јавна Wi-Fi мрежа, исклучете ја таа опција.

- И за крај, не купувајте ништо кога сте поврзани на јавна Wi-Fi мрежи и не ја користете опцијата „Запамти ја лозинката“ ако не сте на сигурна мрежа.

6-znaci-deka-telefonot-mozhebi-vi-e-hakiran-ili-ve-prislushuvaat-kako-da-se-zashtitite-04.jpg

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg