Huawei P9 ја доби наградата „Европски кориснички паметен телефон за 2016-17“ на годинешните EISA Awards

Скопје, Македонија (17 август, 2016) – Huawei Consumer Business Group со задоволство објавува дека Huawei P9 е назначен за „Европски кориснички паметен телефон за 2016-17“ од страна на European Image and Sound Association (EISA). Ова е четврта година по ред каде Huawei е признат во оваа категорија како резултат на унапредувањето на нивната посветеност во спроведување на најдобриот безкомпромисен квалитет и дизајн.

huawei-p9-ja-dobi-nagradata-za-evropski-korisnicki-pameten-telefon-za-2016-17-na-godineshnite-eisa-awards-001.jpg

Дизајниран со цел повторно да ја открие фотографијата кај паметните телефони, Huawei P9 е првиот паметен телефон кој е ко-креиран со глобалниот легендарен бренд, Leica Camera AG. Камерата на P9 со двоен објектив ја носи фотографијата кај паметните телефони на сосема ново ниво, овозможувајќи им на корисниците да ги фатат живите бои како и впечатливите црно бели слики со досега невидена јаснотија, богатство и автентичност.

Наградениот Huawei P9 со „Европски кориснички паметен телефон за 2016-17“ беше пофален од страна на EISA судиите кои објавија: „Најголемата вредноста е да ги доловите важните моменти на вистинскиот начин, тоа е квалитет што не смее да се потценува. А Huawei P9 ги има токму тие вредности. Спортски со 5.2-инчен IPS-NEO LCD со Full HD резолуција, octa-core HiSilicon Kirin 955 SoC и Android OS 6.0 со Emotion UI 4.1, со еден збор P9 е направен од импресивен избор на материјали. Но, тоа не е сè, Huawei ја создава историјата со тоа што е првиот производител кој го воведува знаењето на фотографијата на Leica кај мобилните уреди. Камерата со двоен објектив го лови светлото и овозможува подобра јасност како кај фотографиите така и кај видеата. Батеријата со 3,000 mAh  има доволно моќност за да го улови секој скапоцен момент меѓу полнењата, елегантниот финиш на дијамантски пресечените краеви кои формираат заоблени агли во комбинација со 2.5D стаклото го прават P9 истовремено практичен и прекрасен.”

Глори Цанг, главен маркетинг директор, Huawei Consumer Business Group вели: “Ние сме почестени да ја примиме оваа награда од EISA веќе четврта година по ред. Оваа награда е доказ за посветеноста на Huawei во креирањето на нови мобилни иновации кои нудат нови искуства за корисниците. Исклучителниот дизајн на P9, пофален од страна на судиите EISA, е резултат на сеопфатен развој и внимание на детали од врвни светски индустриски дизајнери и нивните неуморни напори кои кулминираат во визуелно прекрасен дизајн.“

Глобалните пратки на P9 и P9 Плус ја надмина бројката од 4,5 милиони од јули, со силна продажба забележана низ многу европски земји, вклучувајќи ги Франција, Финска и Велика Британија. Huawei P9 е достапен за купување кај голем број на трговци на мало и мрежни услуги.

За Huawei Consumer Business Group

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји, и се користат од страна на една третина од населението во светот, пласирајќи ги на третото место во светот по извоз за 2015 година. Шеснаесет R & D центри се поставени во Соединетите Американски Држави, Германија, Шведска Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е еден од трите деловни единици и ги опфаќа паметните телефони, компјутерите и таблетите, Wearables и облак услуги, итн. Глобалната мрежа на  Huawei е изградена на 20 годишно искуство и експертиза во телекомуникациската индустрија и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувањана наменети за корисниците од целиот свет.

За повеќе информации ве молиме посетете ги: http://consumer.huawei.com

За редовно ажурирање заHuawei Consumer BG, следете не на:

Facebook: facebook.com/HuaweiDevice

Twitter: twitter.com/HuaweiDevice

YouTube: youtube.com/HuaweiDevice

Instagram: https://instagram.com/huaweiconsumer

Google+: https://plus.google.com/+HuaweiDevice

Yanmin Wang, President of CEE & Nordic Region Consumer Business Group:

Facebook: https://www.facebook.com/Yanmin-Wang-1137618289617338/

Twitter: https://twitter.com/WangYanimin

huawei-p9-ja-dobi-nagradata-za-evropski-korisnicki-pameten-telefon-za-2016-17-na-godineshnite-eisa-awards-1.png

huawei-p9-ja-dobi-nagradata-za-evropski-korisnicki-pameten-telefon-za-2016-17-na-godineshnite-eisa-awards-2.png

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg