Кога немате што да правите - 7 забавни игри за на мобилен
Играњето игри на мобилен веќе не е само за мали деца.
Помеѓу рекламите на Арнолд Шварценегер кој повикува на борба и „невините“ Candy Crush известувања, изгледа како да нема место за добри мобилни игри за возрасни. Но, зад сите детски игри постојат некои кои ќе ги задоволат и возрасните.
Ако барате врвно мобилно искуство за играње, без да се чувствувате како 7-мо одделенец, тогаш овие 7 игри сигурно ќе ви помогнат:
1. „Eklips”
Ќе бидеме искрени – Eklips е всушност Тетрис на модерното време. Со убав дизајн со интересен нов формат, оваа минималистичка сложувалка има едноставна цел: да направите квадрати околу мала точка во средина на екранот, така што ќе ги движите и ротирате различните облици. Едноставна, лесна за играње и навистина забавна. Штета, што ја има само за iOS.
2. „Soda Dungeon”
Ова е класична RPG ига која вклучува истражување на темна и опасна зандана во која треба да најдете злато и други работи за да ја надградите вашата продавница за сода. Чудна, смешна и навистина заразна. Лигава, но не на типичен начин. Достапна и за Android и за iOS.
3. „Open Bar”
Забавен факт: оваа игра нема никаква врска со алкохол. Всушност, станува збор за интересна сложувалка со едноставен концепт: користите комбинации на барови за ребусите да имаат смисла. Оваа игра е забавен предизвик кога имате слободно време. И ја има и за Android и за iOS.
4. „Recolor”
Боењето е одличен начин за опуштање и релаксација по долг ден во канцеларија. Тоа е методично и терапевтско, а истражувањата покажуваат дека ја намалува тензијата во мозокот.
Токму затоа, боенките за возрасни се повторно многу модерни.
„Recolor” е една од најпопуларните апликации за забава бидејќи нуди терапевтска забава на боење без да создавате хаос. Исклучително лесна за користење и полна со преку 500 прекрасни илустрации, оваа игра е исклучителен начин за поминување на слободното време, ослободување од стресот и создавање уметнички дела.
Може да ја симнете и од Play Store и од iTunes.
5. „Alto’s Adventure”
Навистина е ретко да искусите едноставна игра со неверојатно добро осмислена графика. „Alto’s Adventure” е сноубордерска игра со еден играч, која навидум звучи глупаво.
Оваа игра се состои од интересни падини, ритчиња и слалом терени во кои треба да собирате поени преку ѕвездички и светлечки маркери.
Она што ја прави да биде посебна е совршениот интерфејс кој им дозволува на играчите да патуваат низ неколку различни терени – од прекрасни планини, до стрмни кањони и сето тоа со една цел – да стигнете до крајот на патеката.
Ако барате лесна игра за трошење на времето, тогаш „Alto’s Adventures” е совршената игра за вас. Може да ја играте и на Android и на iOS.
6. „Steppy Pants”
Уште една откачена игра со бесмислена цел е Steppy Pants. Но, пред да се откажете од неа, барем дајте ѝ шанса. Целта на оваа игра е да научите да одите.
Ако се прашувате како е можно да учите да одите, кога тоа веќе го правите, тогаш пробајте да ги избегнувате пукнатините на патот, одете по улиците и сл.
Оваа игра е одлична, бидејќи е глупаво забавна која нема да ве тера да се фокусирате и да размислувате. Звучните ефекти се одлични, а графиката е ужасна. Нешто како Minecraft или 8-bit. Но, не баш. Никогаш нема да знаете додека не ја пробате, а може да ја спуштите само од iTunes.
7. „INKS”
Оваа игра е она што би се случило кога би ја споиле уметноста на Џексон Полок со пинбол. Колку што е убава, толку е и интересна за играње, плус им дозволува на играчите да се забавуваат не само играјќи пинбол туку и создавајќи уметнички дела додека се во игра.
Најинтересното нешто е што секое топче никогаш не се дуплира и секое парче уметност е различно и уникатно. Ова, нам ни звучи како совршениот концепт наменет за сите корисници на iOS.
С. С. | Црнобело