Порнографија на iPad?

pornografija-na-ipad-povekjeИнтернетот го промени начинот на кој ја доживувавме порнографијата, исто како што ја променија и мобилните од типот на iPhone. Со доаѓањето на iPad...

 

...се очекува потполна промена на перцепцијата за порнографијата.

Или можеби не?

Постојат два главни проблеми со гледање порно на iPad. Првиот е набавување на содржините. iPad симнува медиуми од три извори: App Store, iTunes и iBooks. Секако дека на ниту едно од овие места нема да најдете баш многу порнографски содржини.

iPad не чита DVD па не можете ниту вака да се снајдете. Ви остануваат само 2 можности.

Првата е да посетите порнографска страница преку Safari, но тоа значи дека можете да заборавите на Flash. Втората опција е да префрлите порнографски филмови во iTunes на вашиот компјутер и од таму да ги префрлите на iPad.

Секако, овие проблеми сте ги имале и со iPhone. Но, iPad има и свои проблеми.

iPad е како голем iPhone. Проблемот е токму во неговата големина. Главната причина што iPhone стана популарен со порнографијата е неговата мала величина. Бидејќи е мал и портабилен, на него дискретно можете да гледате порнографија кога ќе посакате, а со тоа што можете да го држите во една рака – доживувањето е комплетно.

iPad иако е помал и полесен од лаптоп, е доста индискретен. Никој нема да ви поверува дека го носите во тоалет за да читате а ако не сте доволно брзи ќе ве заболи раката од држење на уредот. Секако дека ќе мора да заборавите на гледање порнографија и останати дискретни работи во јавност.

Steve Jobs го опишува iPad како уред кој ќе ја пополни празнината помеѓу компјутерите и мобилние телефони, и тоа е вистина. Колку ќе биде од корист, останува да видиме.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg