Facebook го убива Myspace
Популарните сајтови за друштвено поврзување Facebook и Twitter од ден на ден добиваат нови фанови, а тоа значи дека досегашниот популарен...
...социјален сајт Myspace губи од својата популарност.
Според податоците на компанијата Experian Hitwise која се занимава со истражувања за популарноста на сајтовите на интернет, било заклучено дека Facebook остварил раст дури до 190% со вкупните посети и тоа само на територијата на Америка.
Од годишен раст со 19% во септември 2008 просечната посетеност до сега пораснала за 58%. За истиот период и Twitter забележал значителен раст на бројот на корисници и се пробива на 4-то место по популарноста помеѓу социјалните сајтови.
Myspace се нашол на 2-ро место по популарност од социјалните сајтови, но голем број на корисници сеуште го напуштаат.
Сепак, Myspace се обидува да зачува дел од својата популарност преку неговото промовирање како музички социјален сајт, но се претпоставува дека времето на таквите сајтови кои ги промовираат младите и талентирани музичари полека истекува.