Долен веш со GPS
Феминистките од целиот свет реагираа во шок и неверување за новата линија на долен веш кој е опремен со GPS состав за следење. “Најди ме...
...ако можеш“ долниот веш е опишан како модерен високотехнолошки појас за невиност.
“Неверојатно е да замислите дека маж може да го купи тоа, да го програмира и да и го даде на својата девојка, жена или ќерка и да ја следи“ - вели Клаудија Бургар од берлинската феминистичка група.
“Тоа не е ништо друго туку појас за невиност кај несигурните мажи“.
Производителот на овој долен веш - Луциа Лорио од Бразил вели дека нејзиниот дизајн е цел на модерните технолошки свесни жени.
Комбинацијата на долен веш се состои од чипкаст стегач, бикини долен дел и лажни бисери, со GPS направа сместена во делот кај струкот.
Цената е околу 500 фунти со стандарден GPS уред. Комплет со понапреден уред е околу 700 фунти.
Некои жени се заинтересирани за негово купување заради лична заштита и сами ги програмираат за своите партнери кога излегуваат без нив.