Facebook го користат богатите
Дури две истражувања покажуваат дека корисниците на Facebook се побогати од оние кои ги користат останатите друштвени мрежи. Агенциите за...
...истражување и анализа на пазарот, Nielsen и Anderson, открила поврзаност помеѓу годишните приходи на корисниците и друштвената мрежа која тие ја одбираат.
Најновото истражување се темели на испитување на 200.000 корисници.
Резултатите покажале дека 1/3 од поимотните корисници имаат поголема склоност кон Facebook и Linkedin.
Анализата на агенцијата Андерсон од август оваа година ги потврдува наведените резултати.
Имено, корисниците на Facebook имаат просечно за $17.000 долари повисоки годишни примања од корисниците на останатите социјални мрежи.
Помеѓу интересните податоци е и истражувањето дека 60% од корисниците на MySpace немаат постојан партнер, на Facebook 40% се во брак, а само 6% се пензионирани.
Највисоки годишни приходи, просечно $89.000 долари имаат личностите регистрирани на Linkedin.