Мек гушкачки робот за телефонирање
По сите мали роботи, гушкачки перници и сезнаечки телефони, дојде ред и за најапсурдниот хибрид Hugvie. Татковината на мекото човеколико перниче...
...е - погодувате - Јапонија!
Професорот Хироши Ишигуро создал мекичко перниче што поврзано со вашиот телефон ќе го имитира срцебиењето на соговорникот, а тонот на неговиот глас ќе го одредува ритамот на лажниот пулс.
Во план е и надградба на Hugvie за во перничката да се вметне роботче чии бројни сензори ќе го „донесат“ далечниот соговорник директно во вашата прегратка.
Дискусијата дали на човештвото му треба предмет што ќе глуми човек и каква утеха може да ви пружи Hugvie им ја оставаме на психолозите и социолозите.
Застарени модели
Смарт модел :)