Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца?

„Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од вашите деца во експлицитни слики и видеа, користејќи вештачка интелигенција. Ако завршат на dark web, овие фотографии и видеа можат да резултираат со посериозни криминални дела, како крадење на идентитет или вистински киднапирања“, студентка по право во неколку ТикТок видеа објаснува зошто не треба да споделувате фотографии од вашите деца.

studentka-po-pravo-objasnuva-kako-onlajn-predatorite-mozhat-da-gi-zloupotrebat-fotkite-shto-gi-objavuvate-od-vashite-deca-01.jpg

Во ерата на социјалните мрежи, факт е дека повеќето од нас споделуваме фотки без многу двоумење. Доста често и родителите споделуваат фотографии од нивните деца, а некои прават и цели Инстаграм и ТикТок профили посветени само на дечињата.

Сепак, малкумина се свесни за потенцијалната опасност на која се изложуваат самите, но и своите деца, со објавувањето на фотки онлајн.

Сакајќи да ја зголеми свесноста за овој проблем, 24-годишната Алекс Хофман од САД, која е студент по право, сподели неколку видеа во кои објаснува како фотките можат да бидат злоупотребени.

Во ТикТок видео, Алекс го објаснува поимот „дигитално киднапирање“. Таа вели дека онлајн предаторите ги преземаат фотографиите од децата и со помош на вештачка интелигенција ги претвораат во експлицитни.

„Дигиталните киднапери можат да ги искористат фотографиите од децата и да ги претворат и во непристојни видеа користејќи алатки за вештачка интелигенција.

Ако овие фотографии и видеа завршат на 'dark web', често можат да резултираат во посериозни криминални дела како крадење на идентитет или вистински киднапирања“.

Алекс истакнува дека единствениот начин да го спречите ова е воопшто да не објавувате фотографии од вашите деца. Или, доколку сепак сакате да објавувате, осигурете се дека профилот ќе ви биде затворен.

Притоа, не дозволувајте кој било да го следи профилот, особено не лица што не ги познавате.

@definitelynotalex04

#childsafety #childcrimes #lawenforcement #internet #parents #onlinesafety #biggerperson

♬ Bigger Person - Lauren Spencer Smith

Од коментарите на видеото, јасно е дека родителите се загрижиле од вознемирувачкото предупредување на девојката, а некои ги споделиле своите морничави искуства:

„Ми се случи ова. Некоја личност украде фотографии од мене и син ми и се преправаше дека ми е сопруг/татко на моето дете. Внимавајте родители!“

„Ова ѝ се случи на мајка на ТикТок, неодамна некој ги украл сите фотки од нејзините социјални мрежи и се преправаше дека е таа“.

„Некој направи Инстаграм профил на моето 14-годишно дете. Го пријавив, сè уште не е избришан“.

„Овие видеа треба да имаат повеќе прегледи“.

Во друго видео, Алекс објаснува дека повеќето фотографии од деца објавени на dark web се преземени токму од Инстаграм и Фејсбук.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg