Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца?

Dark web не е некое мистериозно и ексклузивно место. За да добиете пристап до тие интернет страници треба само да симнете одреден интернет прелистувач.

Детската експлоатација е индустрија која вреди милијарди и секој ден се креираат илјадници веб-сајтови за споделување фотографии и видеа.

Мојот совет до родителите е вистински да го ограничите појавувањето на вашите деца на социјалните мрежи бидејќи фотографиите и видеата можат да бидат украдени и објавени на dark web многу лесно“.

@definitelynotalex04

Lmk if u have any questions- pls keep ur kids safe! #parents #safety #online #darkweb #hsi #grw

♬ original sound - Alex

Алекс има објавено неколку видеа на оваа тема, а во едно од нив кажува кои фотографии е најверојатно да бидат претворени во експлицитна содржина.

„Ова се фотографии на кои детето јаде, детето е фотографирано во пелена, во костим за капење. Ова се фотографии кои предаторите можат да ги уредат во различен контекст.

Можат да додадат што сакаат на нив. Можат да додадат друга личност на фотографијата. Можат да создадат работи кои воопшто не биле на фотографијата“.

https://www.instagram.com/p/CqjXPZuO8Su/

Од коментарите на нејзините видеа е јасно дека бројни родители воопшто не биле свесни за ова:

„Чекај, што? Прво ги уредуваат фотографиите пред да ги споделат на dark web? Искрено, тоа е страшно“.

„Откако добив деца, луѓето ме прашуваат зошто не објавувам фотографии со нив. Токму ова е причината!“

„Загрижувачко е што многу родители во коментарите не знаат дека ова се случува и колку е често“.

@definitelynotalex04

#childsafety #childcrimes #lawenforcement #internet #parents #onlinesafety #children

♬ AIME MOI - Speed Up - kobzx2z

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg