6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм
Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можности или ви здодеала и сакате да пробате нешто ново, ви нудиме листа од 6 бесплатни апликации што треба да ги пробате.
Колку и да се убави фотките што сакате да ги објавите на вашите профили на социјалните мрежи, сепак повеќето од нив сигурно ги поминувате низ некој филтер или апликација за разубавување.
Покрај многуте апликации што се плаќаат, постојат и одлични бесплатни апликации со кои ќе можете лесно да ги уредите вашите фотки.
Кои се најдобрите бесплатни апликации за уредување фотографии?
YouCam Perfect
Оваа апликација е бесплатна за корисниците и на Android и на iОS.
Ги има скоро сите алатки за разубавување или отстранување луѓе од фотката или за средување на малите несовршености на вашето лице.
Иако е бесплатна, некои од алатките можете да ги користите само еднаш во 24 часа, а потоа се плаќаат. Од оваа апликација постои и премиум верзија.
Можете да ја симнете на YouCam Perfect.
YouCam Makeup
Оваа апликација е наменета за Android и iPhone.
Главната цел ѝ е да „ве нашминка“ ако не сте задоволни од шминката што ја имате или ако не сте се нашминкале, па сакате да си го освежите и разубавите ликот.
Самата апликација доаѓа со многу филтри за разубавување, па можете да се фотографирате директно со некој од нив.
Единствениот недостаток ѝ е што главниот акцент е ставен на едитирање селфи фотографии.
Можете да ја симнете на YouCam Makeup.
PhotoDirector
Со апликацијата освен што можете да си ги разубавите фотките, дозволува и да додадете анимации на своите фотографии со AI ефекти.
Лесна е за користење, има бројни алатки за ретуширање и разубавување на фотографиите и голема база на филтри.
Без оглед дали едитирате една или неколку фотки одеднаш, можете лесно и брзо да ги прикачите и да ги приспособите на вашиот вкус.
Можете да ја симнете за iOS или за Android.
Adobe Lightroom
Оваа апликација е одлична за професионални фотографи кои ги познаваат тајните на Photoshop или Lightroom.
Со неа, барем на почетокот, потешко се снаоѓаат оние што немаат искуство во овие програми за уредување фотки.
Апликацијата има алатки за професионално уредување фотки, но нема многу позадини, филтри и стикери.
Можете да ја симнете на Adobe Lightroom.
Picsart
Оваа апликација е одлична за сопствениците на iPhone или Android кои се малку похрабри и сакат да експериментираат.
Има преку 100 различни фонтови, темплејти, а стикерите се исто така бесплатни.
Лесна е за ракување, а има можност за користење на однапред подготвени позадини.
Можете да ја симнете на Picsart.
VSCO
Оваа апликација беше особено популарна меѓу сопствениците на iPhone пред 10-тина години, но повторно се враќа „на голема врата“, поради бројните тренди опции за уредување фотографии.
Одлична е за корисниците на iPhone или Android кои сакат да изградат уникатен стил на Инстаграм.
Можете да ја симнете на VSCO.
A. J. | Црнобело