„Конечно ја запознав Ријана“ – Малала Јусуфзаи, која на 15 години беше застрелана во глава, возбудена од присуството на Оскарите (фото)

„Посакувам некој да ми кажеше дека одењето на Оскарите не е настан што трае само еден ден“ – го започнува својот дневник Малала Јусуфзаи. Девојката што на 15 години беше застрелана од Талибанците затоа што одеше во училиште, денес е млада дама, која со сопругот се појави на Оскари 2023 и раскажува возбудливо за своето искуство.

konechno-ja-zapoznav-rijana-malala-jusufzai-na-15-godini-beshe-zastrelana-vo-glava-a-sega-prisustvuvashe-za-prvpat-na-oskarite-foto-01.jpg

Во 2012-та година целиот свет дозна за Малала Јусуфзаи, девојчето што беше застрелано од Талибанец во главата затоа што сакаше да оди во училиште, а оттогаш до денес таа порасна во млада жена (25), која зад себе им голем број успеси.

Малала е позната активистка, добитничка на Нобеловата награда, а сега има уште една титула во својата импресивна биографија.

konechno-ja-zapoznav-rijana-malala-jusufzai-na-15-godini-beshe-zastrelana-vo-glava-a-sega-prisustvuvashe-za-prvpat-na-oskarite-foto-08.jpg

Таа за првпат работеше како извршен продуцент на снимањето на филмот Stranger at the Gate, а истиот беше номиниран за најдобар краток документарен филм на Оскари 2023.

Благодарение на него Малала имаше можност да го оствари својот сон и да присуствува на доделувањето на престижните награди.

View this post on Instagram

A post shared by Malala Yousafzai (@malala)

Придружувана од нејзиниот сопруг Асер Малик, со кого стапи во брак во 2021-ва година, Малала имаше прилика да се појави на црвениот тепих во тоалета од Ralph Lauren, а за целото искуство таа направи дневник во кој ги запишувала своите емоции за тоа како се чувствувала дента на настанот.

konechno-ja-zapoznav-rijana-malala-jusufzai-na-15-godini-beshe-zastrelana-vo-glava-a-sega-prisustvuvashe-za-prvpat-na-oskarite-foto-02.jpg

Дневникот во целост е објавен во магазинот Vogue, а во продолжение ви пренесуваме некои од најинтересните делови:

„Посакувам некој да ми кажеше дека одењето на Оскарите не е настан што трае само еден ден. Има голем број забави пред и по церемонијата, прикажувања и работни состаноци, интервјуа за медиуми и проби на облеката.

konechno-ja-zapoznav-rijana-malala-jusufzai-na-15-godini-beshe-zastrelana-vo-glava-a-sega-prisustvuvashe-za-prvpat-na-oskarite-foto-05.jpg

Навистина е исцрпувачки, но и возбудливо. На крајот на овие неколку турбулентни недели, утрото на Оскарите ми започна со брза каша, овошје и чај за појадок. Би сакала да јадев палачинки, но немав време“ – пишува таа.

konechno-ja-zapoznav-rijana-malala-jusufzai-na-15-godini-beshe-zastrelana-vo-glava-a-sega-prisustvuvashe-za-prvpat-na-oskarite-foto-03.jpg

По ова, младата активистка се осврнува на периодот поминат со стилистите кои работеле на нејзината тоалета, накитот, но и на шминката што таа ја носеше за да блесне на црвениот тепих.

„Сѐ уште се навикнувам на шминката наменета за црвен тепих. Многу е поделикатна од мојата секојдневна рутина“ – вели таа и додава дека конечно успеала да стигне на настанот во 5 часот попладне.

konechno-ja-zapoznav-rijana-malala-jusufzai-na-15-godini-beshe-zastrelana-vo-glava-a-sega-prisustvuvashe-za-prvpat-na-oskarite-foto-04.jpg

За време на патувањето таа вежбала како би одговарала на прашањата поврзани со нејзиниот филм, облеката и накитот.

konechno-ja-zapoznav-rijana-malala-jusufzai-na-15-godini-beshe-zastrelana-vo-glava-a-sega-prisustvuvashe-za-prvpat-na-oskarite-foto-06.jpg

Како што вели, поминала неколку часа со новинарите и другите гости и на крај била пресреќна кога седнала на столчето и чекала да започне настанот, а вели дека била највозбудена во мигот кога успеала да ѝ се приближи и да се запознае со Ријана.

„Таа имаше прекрасна изведба и бев пресреќна што ја видов во живо“ – пишува Малала.

konechno-ja-zapoznav-rijana-malala-jusufzai-na-15-godini-beshe-zastrelana-vo-glava-a-sega-prisustvuvashe-za-prvpat-na-oskarite-foto-07.jpg

За крај, младата активистка вели дека нејзините први Оскари биле напорни, но времето брзо поминало, а за крај додава дека следниот ден го започнала со палачинките што ги посакувала претходниот ден.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg