Ќерката на Стив Ирвин на 24 години се оперираше од ендометриоза: „Десет години живеев во ужасни болки, беше страшно“

Бинди Ирвин, ќерката на познатиот ловец на крокодили Стив Ирвин, откри дека се оперирала од едментриоза, откако десет години имала силни болки. Таа, во својата искрена и емотивна објава на Инстаграм раскажа дека лекарите во Австралија со години ѝ велеле дека тоа што ѝ се случува не е ништо страшно, а таа како женско, мора да ги трпи болките. По една деценија проблеми, Бинди конечно направи операција...

kjerkata-na-stiven-irvin-bindi-na-24-godini-se-operirashe-od-endometrioza-deset-godini-zhiveev-vo-uzhasni-bolki-doktorot-mi-veleshe-zhensko-si-mora-da-trpish-01.jpg

Бинди Ирвин (24), ќерката на познатиот ловец на крокодили, Стив Ирвин, уште од дете е во центарот на светското внимание поради својот славен татко. На осум години остана сирак по смртта на нејзиниот татко, но со семејството ја продолжи неговата работа за зачувување на дивиот свет.

Сега, Бинди повторно ги привлече светските медиуми, откако откри дека имала тешка операција од ендометриоза, болест која предизвикува неподносливи болки во телото. Таа на Инстаграм објави дека операцијата поминала добро и раскажа низ што сè поминала изминативе десет години, кога првпат се соочила со оваа состојба.

Бинди Ирвин вели дека хирургот што ја оперирал од Центарот за ендометриоза „Секин“ во Њујорк отстранил вкупно 37 лезии и „чоколадна циста“, термин кој се користи за циста која е исполнета со менструална крв.

Што е ендометриоза?

Ендометриоза е состојба која погодува околу 10% од жените во светот, кога ткивото кое ја покрива матката почнува да расте и на други невообичаени места во телото. Ова ткиво најчесто се појавува на карлицата и предизвикува огромни болки кај жената, но и неплодност.

Болеста има широк спектар на симптоми: болката може да влијае на области кои се движат од стомакот и долниот дел на грбот, до карлицата и вагината.

Други симптоми вклучуваат болен сексуален однос, абнормална менструација, гадење, надуеност и болка при движењето на дебелото црево.

kjerkata-na-stiven-irvin-bindi-na-24-godini-se-operirashe-od-endometrioza-deset-godini-zhiveev-vo-uzhasni-bolki-doktorot-mi-veleshe-zhensko-si-mora-da-trpish-02.jpg

На почетокот на објавата Бинди вели дека не била сигурна дека сака јавно да зборува за своето здравје и најголемите проблеми со кои се соочува. Но, потоа решила да проговори со надеж дека ќе им помогне на другите жени кои, исто како и таа, се борат со ендометриоза, а можеби и не знаат за каква болест станува збор.

Според ќерката на Стив Ирвин, повеќето лекари не ја сфаќаат оваа состојбата доволно сериозно, па не се трудат ни да откријат со какви проблеми се соочуваат жените.

kjerkata-na-stiven-irvin-bindi-na-24-godini-se-operirashe-od-endometrioza-deset-godini-zhiveev-vo-uzhasni-bolki-doktorot-mi-veleshe-zhensko-si-mora-da-trpish-08.jpg

„Еден лекар еднаш ми кажа дека болката е само нормален дел од тоа да се биде жена. Ми рече дека мора да ги трпам болките.

Десет години се борев со замор, болка и гадење. Обидот да останам позитивна личност и да ја скријам болката беше многу долг“, почнува нејзината објава.

kjerkata-na-stiven-irvin-bindi-na-24-godini-se-operirashe-od-endometrioza-deset-godini-zhiveev-vo-uzhasni-bolki-doktorot-mi-veleshe-zhensko-si-mora-da-trpish-06.jpg

Бинди вели дека последниве десет години често одела на разни тестирања, кај секакви лекари, правела бројни скенирања.

„Друг доктор ми рече дека тоа е едноставно нешто со кое мора да се справам како жена и јас целосно се откажав, обидувајќи се да функционирам преку болката.

Не најдов одговори сè додека една пријателка не ми помогна да тргнам по патот по кој ќе си го вратам животот. Решив да одам на операција поради ендометриоза“, вели ќерката на познатиот истражувач.

kjerkata-na-stiven-irvin-bindi-na-24-godini-se-operirashe-od-endometrioza-deset-godini-zhiveev-vo-uzhasni-bolki-doktorot-mi-veleshe-zhensko-si-mora-da-trpish-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg