Заглавени гондоли, страв од суша – каналите во Венеција останаа без вода (фото+видео)

Поради намалените врнежи од снег кои се резултат на климатските промени, каналите во Венеција останаа без вода, а властите се загрижени дека сушата од минатото лето ќе се повтори и годинава.

zaglaveni-gondoli-strav-od-susha-kanalite-vo-venecija-ostanaa-bez-voda-foto-video-01.jpg

Во Венеција обично има проблем се поплавите, но сега италијанскиот град се соочува со суша, поради што каналите се без вода.

Според CNN, постои загриженост дека летово цела Италија ќе се соочи со суша поради сувата зима. Односно, оваа зима на Алпите имало значително помалку врнежи од снег, а ова може да се одрази лошо во летната сезона.

Истовремено, во многу области во Италија нивото на вода во реките и езерата е значително намалено.

Проблемот со пресушените канали, пак, наводно е предизвикан и од неколку други фактори, како недостаток од дожд, но и полната Месечина која има влијание врз плимата и осеката.

Ниското ниво на вода во каналите може да предизвика и многу проблеми во популарниот италијански град.

На пример, огромен број од градбите имаат столбови од дрво кои обично се под вода. Ако се изложени на воздух подолго време, како сега, дрвото може да се оштети.

За потсетување, минатото лето Италија се соочи со најлошата суша во последните 70 години, па сега постои загриженост дека истото ќе се случи и летово.

Како изгледаат пресушените канали во Венеција?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg