Девојката на Измамникот од Тиндер: „Заедно го гледавме документарецот, ми зема 150.000 долари и беше насилен“ (видео)
Кејт вели дека заедно со Шимон го гледала документарецот на Нетфликс и дека потајно била свесна дека сведоштвата на жените се вистинити, но останала со него затоа што сакала да му помогне.
По ова почнале големиот број навредливи пораки и закани упатени до неа на социјалните мрежи и младата Израелка не можела веќе да го поднесе притисокот заради што одлучила да си замине.
„Реков: ‘Доста е. Си заминувам. Не можам да издржам повеќе!’ и почнав да се пакувам“ – раскажува Кејт.
Но, во овој миг Шимон и физички ја нападнал, ја турнал при што таа го пресекла стапалото на скалите.
По ова Кејт била пренесена во болница и веднаш го пријавила во полиција. По речиси една година од раскинувањето на врската таа повторно почнала да работи, а сега ја споделува својата приказна за да ги предупреди жените дека освен што ги ограбува жените, Хајут знае да биде и насилник.
Погледнете го интервјуто во целост:
Б. С. Б. | Црнобело