Доказ дека Шпанија е најкул земја: Прва земја во Европа што одобри менструално боледување за жените
- Детали
- петок, 17 февруари 2023
Шпанија дефинитивно има најкул закони и прави историски потези – откако најавија казни за уринирање во море, сега изгласаа жената да има право на менструално боледување доколку има болки. Ова е првата земја во Европа со вакво право за жените – дефинитивно ни е потребно и нас, нели?
Оние со болни и непријатни менструации, знаат колку е тешко во тие денови да се стане од кревет и да се оди на работа.
За среќа, шпанските власти направија чекор напред и историски потег, откако изгласаа со закон жената да има право на менструално боледување.
Со законот, жената има право на тридневно менструално боледување, со можност да се продолжи на 5 дена, доколку страда од онеспособувачки менструации кои предизвикуваат болки, гадење, вртоглавици и повраќања.
За ова отсуство е потребна потврда од лекар, а трошоците ќе бидат подмирени од јавниот систем за социјално осигурување, не од работодавачот.
Иако во некои земји низ светот веќе постои овој закон, Шпанија е првата земја во Европа која се одлучи на овој историски чекор, а се надеваме дека и другите држави ќе го земат истиот пример. Ова е дефинитивно потребно секаде, па и кај нас.
Законот е изгласан и поддржан од 185 пратеници, додека 154 биле против и 3 воздржани.
М. М. | Црнобело