Шпанија најави казни до 750 евра за посетителите на плажите кои ќе уринираат во море
- Детали
- вторник, 21 јуни 2022
Оние кои летово планираат да одат на одмор во Шпанија, ќе мора да се адаптираат на новите правила – во некои региони ќе се казнува уринирањето во море, како и напуштање на плажите по бикини.
Изгледа конечно ќе биде ставено крај на уринирањето во море во Шпанија, а оваа „навика“ ќе се смета за прекршување на хигиенските и санитарни прописи.
Британските медиуми, како DailyMail, објавија информација дека властите во Виго, град во шпанскиот регион Галисија, најавиле казни до 750 евра за оние кои ќе уринираат во море или на плажа.
Се очекува градските власти да постават јавни тоалети на плажите во текот на летната сезона, со цел посетителите да не мора да се олеснуваат во море или да бараат кафулиња.
Единственото што не е јасно е како ќе биде спроведена мерката и како ќе знаат кој го прекршил законот. Што мислите вие за ова?
Сепак, изгледа ова нема да биде единствената забрана за летувачите, туку посетителите ќе мора да бидат внимателни да не си заминат од плажа по бикини, без да се покријат со облека, бидејќи и за тоа следува казна.
Казни следат и за оние кои фрлаат отпад или прават скара на плажа, забрането е и користење сапун во вода, а мажите не смеат да се шетаат само по шорцеви без да го покријат горниот дел од телото.
Во различни делови од Шпанија се воведуваат правила за кои туристите треба добро да се информираат пред да ги посетат местата.
На Мајорка и Ибица, посетителите ќе бидат ограничени на само 6 пијалаци на ден во all-inclusive ресортите, а на некои туристички места се забранети и „happy hours“ акциите.
Изгледа Шпанија се обидува да стекне добра репутација со воведувањето на правила и закони за летната сезона.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com