Популарен јутјубер им плати операција за враќање на видот на 1.000 слепи лица - зошто јавноста го критикува?
Тој стапил во контакт со непрофитна организација која нуди прегледи и операции на очи за луѓе кои не можат да си ги дозволат и на овој начин успеал да им помогне на 1.000 лица во рок од само три седмици, покривајќи ги трошоците за нивните операции.
Во голема мера, гестот на јутјуберот беше прифатен со воодушевување и сите ја фалеа неговата дарежливост.
Сепак, некои го критикуваат бидејќи сметаат дека ја злоупотребил маката на луѓето за да си ја зголеми популарноста.
„Фрустрирачки е што еден јутјубер одлучил да прави видео со луѓе кои се толку сиромашни, што не можат да гледаат“, гласи еден од негативните коментари.
Критиките за јутјуберот се појавија и на Твитер, по што тој реши да се огласи:
„Твитер: Богатите треба да им помагаат на другите со нивните пари.
Јас: Во ред, ќе ги искористам моите пари за да им помогнам на луѓето и ветувам дека ќе ги донирам сите мои пари пред да умрам. Секој цент.
Твитер: MrBeast е лош“.
Twitter - Rich people should help others with their money
— MrBeast (@MrBeast) January 30, 2023
Me - Okay, I’ll use my money to help people and I promise to give away all my money before I die. Every single penny.
Twitter - MrBeast bad
Всушност, јутјуберот се прослави токму поради ваквите видеа во кои им помага на луѓето, подарувајќи им огромни суми пари.
Тој почна да го привлекува вниманието на јавноста во 2018 година, со неколку вирални видеа во кои им даваше илјадници долари на разни луѓе.
Во 2022 година, јутјуберот донира над 3 милиони долари, а во една прилика подари и авион вреден 2,5 милиони долари.
Јутјуберот основа и организација – Beast Philanthropy – чија главна цел е обезбедување храна за сиромашните од неговиот роден град во Северна Каролина.
Организацијата се прошири и сега јутјуберот е дел од многу хуманитарни проекти ширум целиот свет.
MrBeast е еден од најплатените јутјубери во светот и неговото богатство се проценува на над 100 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело