Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Ги стиска забите и незадоволно гледа во неа – Дали Меган успеа видно да го вознемири Хари со непочитта кон баба му Елизабета? (видео)

„Одевме на ручек и Хари ми рече: ‘О, баба ми (кралицата) е овде, и таа ќе биде таму. Знаеш како да се поклониш, нели?’“ – раскажува Меган и покажува како изгледало тоа нејзино поклонување и неподготвеност за запознавање со кралицата Елизабета. Додека некои гледаат како Меган се посрамотила себеси и се потсмева на обичаите, другите пак сакаат да одгатнат што крие лицето на Хари: срам или гнев?

gi-stiska-zabite-i-nezadovolno-gleda-vo-nea-dali-megan-uspea-vidno-da-go-voznemiri-hari-vo-dokumentarniot-film-video-01.jpg

Минатата недела беа објавени првите три епизоди од документарниот филм Harry and Meghan на Нетфликс и со денови во голем број од светските медиуми се провлекуваат деталите за она што тие го открија.

gi-stiska-zabite-i-nezadovolno-gleda-vo-nea-dali-megan-uspea-vidno-da-go-voznemiri-hari-vo-dokumentarniot-film-video-02.jpg

За првпат имавме можност да дознаеме дека Хари и Меган се запознале на социјалните мрежи, повторно зборуваа на долго и на широко за расизмот и начинот на кој Меган била третирана од членовите во семејството, а Хари ја спореди својата сопруга со мајка му, принцезата Дијана.

Додека сме во исчекување на вторите три епизоди, во кои според трејлерот се очекува Хари да зборува повеќе за неговиот однос со брат му Вилијам и со кралицата, еден детаљ од првите три епизоди посебно им падна во очи на многумина, а тоа е делот каде што Меган ја опишува својата прва средба со кралицата.

gi-stiska-zabite-i-nezadovolno-gleda-vo-nea-dali-megan-uspea-vidno-da-go-voznemiri-hari-vo-dokumentarniot-film-video-06.jpg

Таа во документарниот филм раскажува дека воопшто не била подготвена за да го запознае најважниот член во британското кралско семејство.

„Мислам, тоа е надреално. Немаше претходна најава или Хари да ми рече: ‘Сега ќе ја запознаеш мојата баба’. Само неколку мигови пред средбата дознав дека ќе ја запознам.

Бевме во автомобилот и одевме на ручек, а Хари ми рече: ‘О, баба ми е овде, таа ќе биде таму по мисата во црквата’. Потоа ме праша: ‘Знаеш како да се поклониш, нели?’ Мислев дека се шегува“ – раскажува Меган.

gi-stiska-zabite-i-nezadovolno-gleda-vo-nea-dali-megan-uspea-vidno-da-go-voznemiri-hari-vo-dokumentarniot-film-video-05.jpg

Таа средбата со кралицата ја опишува како настан од средновековниот период, а со смеење раскажува како изгледале тие први мигови кога имала можност да се запознае со Елизабета Втора.

„Се поклонив и реков: ‘Драго ми е што ве запознав, Ваше Височество’. Беше толку стресно. Не знаев што да правам“ – вели таа и покажува како се поклонила „до земја“.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg