„Му дозволив на синот да си ги лакира ноктите, соучениците го задеваа“ - Татко го подели мислењето на јавноста

Татко од САД му дозволил на 6-годишниот син да си ги лакира ноктите, но го подели мислењето на јавноста – некои сметаат дека не е во ред, додека други веруваат дека е бесмислено работите да се делат на „машки“ и „женски“.

mu-dozvoliv-na-sinot-da-si-gi-lakira-noktite-decata-na-uchilishte-go-zadevaa-tatko-go-podeli-mislenjeto-na-javnosta-01.jpg

Американецот Даг Вивер го подели мислењето на јавноста откако сподели видео на ТикТок во кое открива дека му дозволил на синот да си ги лакира ноктите.

Во видеото кое има над 1 милион прегледи, 34-годишниот татко вели дека неговото 6-годишно синче било исмејувано од некои соученици, но дека смета дека не погрешил што му дозволил да си ги лакира ноктите.

„За време на викендот синот сакаше да си ги лакира ноктите. Па, му ги лакиравме. Во понеделник си дојде од училиште и ни кажа дека три деца од неговиот клас му рекле дека лаковите се за девојчиња. Тој им рекол дека ништо не е само за момчиња или девојчиња.

Па, го прашав: 'Што ти рекоа на тоа?' Тој ми рече дека две деца не му верувале, но едно му поверувало. И, тоа почнало да им кажува на другите дека е во ред и момчињата да си ги лакираат ноктите“.

mu-dozvoliv-na-sinot-da-si-gi-lakira-noktite-decata-na-uchilishte-go-zadevaa-tatko-go-podeli-mislenjeto-na-javnosta-06.jpg

Потоа таткото истакнува дека од 11 деца во класот, само три прокоментирале за лакираните нокти на синот. Останатите не ни забележале.

„По ова, со синот разговаравме за тоа дека секогаш ќе има некој кој ќе сака да промени нешто кај него. Но, за секој таков човек, има двајца, тројца, четворица кои ќе го сакаат таков каков што е.

Му кажав дека некогаш луѓето кои се најзлобни, зборуваат најмногу и најгласно“.

@dougweaverart Nothing is just for boys or just for girls, y’all! #masculinity #parenting #dadlife ♬ original sound - dougweaverart

Видеото на Даг разгоре жестока дебата во коментари, по што тој говореше за оваа тема и во интервју на Good Morning America, каде што откри дека не е првпат синчето да посака да му ги лакираат ноктите.

„Сме разговарале за ова и претходно. Но, ова е првпат некој да го задева за тоа. Си ги лакираше ноктите и во градинка, и на никој не му беше грижа.

Изгледаше како на сите да им се допаѓа. Но оваа година, во прво одделение, се чини дека повеќе и повеќе деца се свесни за социјалните норми и пробуваат да ги наметнат“.

mu-dozvoliv-na-sinot-da-si-gi-lakira-noktite-decata-na-uchilishte-go-zadevaa-tatko-go-podeli-mislenjeto-na-javnosta-04.jpg

Некои сметаат дека Даг е одличен татко штом ја поттикнува креативноста на неговиот син:

„Не можам да престанам да плачам. Ти си прекрасен татко и ова е прекрасно“.

„И мојот син сакаше да си ги лакира ноктите. НИКОЈ не го малтретираше на училиште. Само едно дете го праша зошто, и син ми му одговори бидејќи така сака“.

„Не сфаќам како е во ред за девојчињата да сакаат машки работи, но момчињата не можат да сакаат женски работи. Сето тоа се само предмети. Лично не гледам никаков проблем“.

„Има шест години. Ако сака да носи лак – нека носи. Мојот син се чувствува изоставено покрај многуте сестри кога им ги лакирам ноктите, па му ги лакирам ноктите на нозете. Нема ништо лошо во тоа“.

mu-dozvoliv-na-sinot-da-si-gi-lakira-noktite-decata-na-uchilishte-go-zadevaa-tatko-go-podeli-mislenjeto-na-javnosta-05.jpg

Но, други веруваат дека треба да се постави граница помеѓу „машки“ и „женски“ работи:

„Имам четири синови и четири ќерки и мислам дека момчињата не треба да си ги лакираат ноктите“.

„Како родител, твојата задача е да го спречиш син ти да прави работи поради кои можат да го малтретираат. Не им давај можност на другите деца да го задеваат твоето“.

„Ова е уништување на моралот и вредностите и голема криза на идентитетот. Верувам дека има многу луѓе кои сметаат дека ова е погрешно, но страв им е да не создаваат конфликти“.

mu-dozvoliv-na-sinot-da-si-gi-lakira-noktite-decata-na-uchilishte-go-zadevaa-tatko-go-podeli-mislenjeto-na-javnosta-03.jpg

На овие коментари, Даг вели:

„Моето прашање е зарем не гледаат колку е смешно тоа што имаат претпоставки и се гневни за 6-годишно момче кое има малку боја на ноктите?“

Што мислите вие? Дали е во ред момчињата да си ги лакираат ноктите доколку сакаат, или тоа сепак е само „женска“ работа?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg