Мајка е мета на осуда - ѝ ги депилира веѓите на ќеркичката (3) за да не ја задеваат другарчињата
- Детали
- недела, 09 октомври 2022
„Луѓето не знаат дека неа веѓите ѝ беа сосема споени, како една цела веѓа и сакав да почнам побрзо да ја депилирам за помалку да ѝ растат“, вели Леа. Се согласувате ли со потегот на оваа мајка?
Леа Гарсија (31) од Тексас стана мета на онлајн критики, откако објави дека ѝ ги издепилирала веѓите на својата 3-годишна ќерка, за да не ја задевале другарчињата во градинка.
https://www.instagram.com/p/CjYqh4nJtZ2/?hl=en
Таа вели дека нејзината малечка уште од бебе имала темнни влакна поради латино потеклото.
Леа има две деца, а вели дека нејзината мала ќерка Блис уште на 2 години сакала да си ги отстрани влакната, а сега си имаат ден за депилација еднаш неделно.
Но, Леа поради тоа што ѝ дозволила на ќерка ѝ да го прави тоа е наречена од многумина „лоша мајка“.
„Блис постојано гледаше како ја депилирам нејзината 8 години постара сестра, па посака и таа. Ме замоли неколкупати, пред конечно да се согласам. Луѓето не знаат дека неа веѓите ѝ беа сосема споени, како една цела веѓа и сакав да почнам побрзо да ја депилирам за помалку да ѝ растат“, вели Леа.
Се согласувате ли со нејзината малку контроверзна одлука?
С. С. | Црнобело