Специфичниот однос на кралицата Елизабета и Дијана - мразела кога ѝ плаче за аферата на Чарлс (фото)
- Детали
- вторник, 13 септември 2022
Дијана очекувала дека кралицата Елизабета ќе му нареди на Чарлс да прекине со аферата, а Елизабета сметала дека принцезата треба да престане да се вознемирува за неважни работи. Каков бил односот на кралицата Елизабета и принцезата Дијана?
Сите мислат дека знаат сè за односот на кралицата Елизабета Втора и принцезата Дијана. Сите гледаме како е прикажан нивниот однос во хит серијата The Crown и сметаме дека ни е јасно за што станува збор.
Најчесто Дијана е прикажана како осамена принцеза која се чувствува како отпадник во семејството, додека нејзиниот сопруг постојано е посветен на неговата афера, а Елизабета не сака да се меша и не реагира на однесувањето на нејзиниот син.
Но, дали е навистина така и каков бил навистина односот меѓу Дијана и Елизабета Втора?
Прво што мора да се напомене е дека Дијана никогаш не била отпадник. Кралицата Елизабета е кума на помладиот брат на Дијана, Чарлс Спенсер и таткото на Дијана, висконтот Елтроп, кој бил задолжен за кралските коњи (што била мошне угледна функција во кралството).
Оттука воопшто не е чудно што Елизабета не се противела на бракот помеѓу Дијана и 16 години повозрасниот Чарлс. Според неа, Дијана потекнувала од угледно семејство, немало никакви скандали, а воопшто не било проблем што Чарлс претходно бил во врска со постарата сестра на Дијана, Сара.
Со други зборови, принцезата уште од најмала возраст знаела како треба да се однесува во кралското семејство, иако Ендрју Мортон во неговата книга од 1992-ра година Diana: Her True Story тврди дека принцезата на почетокот била преплашена од свекрвата.
„Се држеше до сите формалности – ѝ се поклонуваше секојпат кога ќе се сретнеа, но се обидуваше на секој можен начин да држи дистанца“ – пишува тој.