Поранешната порно актерка Лана Роудс: „Не би снимала пак за ниту едни пари, имам трауми од мажите со кои ме присилуваа да имам секс“ (18+)
- Детали
- среда, 08 јуни 2022
„Не сакав да снимам сцени со повеќе или со постари мажи, но морав да го направам тоа. Каде и да одам луѓето веќе ме виделе како имам секс“ – вели Лана Роудс и открива зошто никогаш нема повеќе да снима филмови за возрасни.
Поранешната порно актерка Лана Роудс (25) реши јавно да проговори како изгледа работењето во порно индустријата и зошто никогаш не планира повеќе тоа да го работи, без разлика на тоа колку пари ќе ѝ понудат.
Лана Роудс од Чикаго почнала да работи во порно индустријата на возраст од 18 години, а денес на 25 години вели дека нема намера никогаш повеќе да го работи тоа.
Таа даде интервју за Daily Star каде искрено говори за тоа со кои предизвици се соочувала додека ги снимала филмовите за возрасни и зошто никогаш не би снимала повторно без разлика на тоа колку пари ќе ѝ понудат.
Лана денес е мајка на синот Мајло, а открива дека иако работела во порно индустријата само осум месеци, таа има трајни психолошки последици. Според неа, кариерата во филмовите за возрасни наликува на доживотна затворска казна.
„Каде и да одам луѓето веќе ме виделе како имам секс и морам да се носам со тоа најдобро што можам“ – вели таа.
Како што појаснува, за време на снимањето никогаш не била приморана да глуми на сила, но се наоѓала во ситуации каде што не може да каже „не“, а тие оставиле лузни на нејзиното ментално здравје.
„Не велам дека секоја сцена што ја снимив беше ужасна. Но имаше голем број ситуации што ме повредија. Има 3 до 5 сцени што беа мошне трауматични, се случувало да треба да снимам со некој што е премногу стар или да правам работи од коишто се плашам затоа што се премногу екстремни.
Сето тоа е премногу трауматично.
Има пријателки што биле притискани за врат толку силно и на крај се онесвесувале за време на снимањето. “
Лана вели дека влегуваш во порно индустријата со одредени ограничувања, од типот дека никогаш нема да снимаш секс со повеќе мажи, но со текот на времето агентите ти наметнуваат работи што мораш да ги правиш доколку сакаш да бидеш успешна.
„Дефинитивно се справувам со депресија и суицидни мисли заради моето минато“ – вели Лана.
Денес таа е инфлуенсерка и има над 16.7 милиони следбеници на Инстаграм.
Погледнете дел од нејзините фотографии:
https://www.instagram.com/p/CHPAu-_p0j6/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CG3GM0CppCK/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CDCOArBpDdC/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело