Како изгледа животот во бразилското село во кое живеат само жени? (фото)

„Мажите може да ги гледаат сопругите само за викенд, мајките мора да ги избркаат синовите кога ќе наполнат 18 години...“, ова се двете главни правила што мора да се почитуваат во малото селце Новиа до Кордеиро, што важи за феминистички рај.

ova-selo-e-feministichki-raj-mazhite-smeat-da-doagjaat-na-gosti-samo-za-vikend-a-zhenite-go-imaat-glavniot-zbor-01.jpg

Ова е село во кое нема хиерархија и нема привилегии, сите одлуки врзани за селцето се носат заеднички со кафе и колачи. Сите се грижат за постарите. Новиа до Кордеиро е феминистички рај во Бразил, а станува збор за селце во кое главниот збор го имаат жените.

ova-selo-e-feministichki-raj-mazhite-smeat-da-doagjaat-na-gosti-samo-za-vikend-a-zhenite-go-imaat-glavniot-zbor-02.jpg

Селото било основано во 1891-ва година од страна на Мариа Сењорина де Лима, девојка која сакала да побегне од присилен брак. Таа веќе била вљубена во друг маж и побегнала со него, заради што била означена како прељубница и била протерана од родното село, а казната важела за пет генерации од нејзините наследници.

Така, таа одлучила да креира мала земјоделска заедница каде се слуша гласот на жената, а речиси 200 години подоцна во селото владее едно најважно правило: „Жената го има главниот збор, а мажите може да бидат само гости“.

ova-selo-e-feministichki-raj-mazhite-smeat-da-doagjaat-na-gosti-samo-za-vikend-a-zhenite-go-imaat-glavniot-zbor-03.jpg

Во селото има околу 600 жени и според нивните правила, сопрузите на мажените жени може да ги посетуваат само за викенд, а машките деца треба да си заминат од селото веднаш штом ќе станат полнолетни.

Оние жени што нема да ги почитуваат овие правила се соочуваат со исклучување од селото.

ova-selo-e-feministichki-raj-mazhite-smeat-da-doagjaat-na-gosti-samo-za-vikend-a-zhenite-go-imaat-glavniot-zbor-04.jpg

Според написите во медиумите, иако жителките на селото се задоволни од животот што го водат, сепак, кај помладите се јавува незадоволство, затоа што копнеат еден ден да ја најдат вистинската љубов.

„Овде во Новиа до Кордеиро, живееме многу добро, иако сме само жени. Во многу работи жените се подобри од мажите.

Нашето село е поубаво, поорганизирано и животот е многу похармоничен, но, за жал, заборавив како изгледа да бакнеш некого, а сите мажи што ги гледаме ни се или братучеди или роднини“ – вели Нелма Фернандез, 23-годишна жителка на селото.

ova-selo-e-feministichki-raj-mazhite-smeat-da-doagjaat-na-gosti-samo-za-vikend-a-zhenite-go-imaat-glavniot-zbor-05.jpg

Таа и уште неколку други девојки побарале да им се дозволи да најдат сопрузи, но нивните партнери ќе мора да се согласат со најважното правило, во селото, а тоа е своите сопруги да ги гледаат само за викенд.

Инаку, селото има свој Инстаграм профил, погледнете дел од фотографиите:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg